|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вежби за сите жени по породување

Редакција Рингераја, 5.1.2022
Можеби Ви се чини дека никогаш нема да се вратите во форма по породувањето, но тоа не е точно. Почетокот на вежбањето е битно за Вашето телесно опоравување и не се работи само за губење на вишокот килограми, туку и за зацврстување на мускулите

image
/11


Со постнаталните вежби може да започнете  48 часа по породувањето, ако сте имале нормално, вагинално породување

Можеби ви се чини дека никогаш нема да се вратите во форма по породувањето, но тоа не е точно. Почетокот на вежбањето е битно за вашето телесно опоравување и не се работи само за губење на вишокот килограми, туку и за зацврстување на мускулите кои имаа друга функција во изминатите девет месеци.

Секогаш се поставува прашањето кога можете да почнете да вежбате, но тоа мора да ви го каже вашето тело, а нема да штети доколку се посоветувате со лекар. Немојте да чекате повеќе од месец дена за да почнете со вежбање, ако немате никакви здравствени проблеми.

 

Правилно дишење

По породувањето кожата и мускулите често се многу опуштени и личат на желе, до таа мера што имаат многу лоша нервна стимулација. заради тоа е многу важно да правите правилни вежби со дишење за вашите раширени стомачни мускули повторно да се вратат на своето место. Со секое вдушување вашите гради и стомак би требало да се шират, а со секое издишување би требало да се зацврстуваат.

Можеби оваа вежба ви се чини безначајна, но контролираното и правилно дишење е првата вежба со која треба да започнете.

 

Вежби за почетници

Верувале или не, со постнаталните вежби можете да започнете 48 часа по породувањето, ако сте имале нормално, вагинално породување.

 

Кегелови вежби

Кегеловите вежби ги зацврстуваат долните мискули на карлицата кои ја држат материцата, мочниот меур и цревата.

Можат да се работат во било која позиција, а се што мора да направите е да ги стегате мускулите на карлицата, држете ги пет секунди и пуштете ги. Вежбајте по пет минути неколку пати на ден.

 

Растегнување

Легнете на грб, со рамни раце и нозе и дланките нагоре. Стопалата мора да ви бидат поставени така да ви се истегнат листовите од нозете. Долниот дел од грбот мора да го допира подот. Притиснете ги рацете на подот и подигнете го телото нагоре. Држете го телото одлепено од подот неколку секунди и повторно спуштете го. Повторете ја вежбата неколку пати.

 

Правилно држење

Додека стоите наведнете ја главата кон градите за да го растегнете задниот дел од вратот, спуштете ги рамената кон напред и повторно затегнете ги наназад. Вдишете и издишете. За време да вдишувањето стегнете ги стомачните мускули и правете Кегелови вежби.

 

Напредно вежбање

Мост – лежејќи на грб со свиткани колена, постепено почнете да ја подигнувате карлицата од подот, држејќи рамнотежа со рацете и нозете. Подигнете го грбот од подот. Држете така неколку секунди и потоа спуштете се на подот.

 

Кревање на нозете

Лежејќи на подот стегнете ги стомачните мускули, притиснете го долниот дел од грбот на подот и обидете се да ја подигнете ногата во рамна положба. Ако оваа вежба ви е прелесна, обидете се да ги подигнете двете нозе. запомнете – долниот дел од грбот мора да остане прилепен за подот.

 

Пеперутка

Легнете на грб со свиткани колена. Ширејќи ги нозете обидете се да ги допрете до подот колку што можете повеќе, истовремено спојувајќи ги стопалата. Не заборавајте на правилното дишење.

 

Педалирање

Легнете на грб, свиткајте ги колената, а стапалата израмнете ги со подот. Ставете ги рацете под главата. Израмнете го долниот дел од грбот со подот, стегнете ги стомачните мускули и така држете. Немојте да заборавите на правилното дишење. Дигнете ги колената на 90 степени и почнете да педалирате со нозете во воздух. Повторете го сите вежби во три серии од по триесет пати.

 

Жените кои родиле со царски рез ќе мора да почекаат одредено време (барем 6 недели) додека не им се опорави телото. Но сепак можат да ги применуваат вежбите со дишење и пред истекот на 6-те недели.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто се` завршува во бебешката уста?
Дали Вашето бебе има ставено се во уста – обувки, џемпери, играчки и се што ќе му падне в рака? Опуштете се и сфатете – ...
4
5 работи што мајките ги забораваат по поро...
По раѓањето, многу мајки забораваат на себе, на своите потреби, нивното здравје. Целото нивно внимание се посветува на ...
4
20 идеи за декорација на торта за крштевка
Разубавете го најубавиот ден со најубава торта
4
Исчистете го телото по празниците
Празниците се зад нас, а спомените на нив остануваат – два, три килограми повеќе, тешкотии во варењето, нечиста кожа. Ка...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?