|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Светлана Црнокрак е бремена по втор пат

www.intervjua.com.mk, 5.7.2011
Многу работни ангажмани и уште едно дете

image
/81


 

Светлана и Мики Црнокрак се без сомнение една од најубавите двојки во Македонија. Кај нив веќе една ипол деценија се преплетуваат манекенските и домашните обврски, бидејќи се брачни и професионални партнери. Работат многу, патуваат, организираат, подучуваат млади манекени, а наскоро ќе станат родители по вторпат. Покрај 12-годишната ќерка Моника, ќе добијат нов член на семејството...

 

Поминувате низ веројатно еден од најубавите периоди во животот, кога сте во очекување на вашето второ дете. Дали ве изненади сознанието, кога првпат ја примивте информацијата дека повторно ќе станете родители?

Мики: Не, беше планирано. Сакаме поголемо семејство и оценивме дека е добар момент за уште едно дете.

Светлана: Тоа ни е голема желба на двајцата, а најмногу се радува ќерката Моника, што е сосема нормално. Од неа очекувам и помош кога ќе се роди бебето, бидејќи има 12 години и е доволно голема да помага околу чувањето, заедно со сите нас.

Мики: Инаку, немаме особени желби во однос на полот. Важно ни е само да е живо и здраво, а сигурно ќе го сакаме исто без оглед дали ќе биде машко или девојче. Како што реков, сакаме големо семејство и да се раѓаат убави деца. Можеби ќе имаме и трето.

Светлана, колку ќе бидеш ти активна во наредниот период, со оглед на твојата блажена состојба?

Светлана: Фала му на Бога, немам тешка бременост, па можам да работам сосема нормално. Досега не ми пречи и ќе се трудам да сум активна колку што ќе биде можно подолго. Веќе шест години сум заштитно лице на модниот бренд „Астибо Беас“ и учествувам во нивните кампањи, кои се случуваат двапати годишно. Тоа значи снимање за каталози, реклами, модни ревии... Освен за таа куќа, веќе не се појавувам како манекенка на писти. Во агенцијата, Мики е задолжен за теренската и организациската работа, а јас повеќе сум со манекените, така што и од тој аспект не се бара од мене голем напор. Телевизиските обврски, кои ги имам во моментов, се во мало мирување од објективни причини, па можам добро да си ги распределам времето и енергијата.

Влезена си во шестиот месец на бременоста, а во ликот изгледаш како да е таа штотуку почната. На кој начин успеваш да ја одржиш линијата?

Светлана: Често пати се шегуваме со Мики дека во животот повеќе сме биле гладни отколку сити.

Мики: Јас сум на диета 25 години (се смее).

Светлана: Многу внимаваме на исхраната, а сега јас дополнително го правам тоа. Имам голема помош од нутриционистката Тања Турунџиева, која ни дава стручни совети што да внесуваме и во колкави количини, па заедно со она што самите го знаеме и го пракиткуваме со години, важен е и нејзиниот придонес за да не додадам килограми во текот на бременоста.

А, што има ново од студиото „Црнокрак“?

Мики: Постојани некакви активности. Последни големи проекти ни се модната ревија во Фиренца пред два месеца и учеството на Мис Медитеран на Кипар. Секој април „Академија Италијана организира модна ревија во Фиренца, а ние сме присутни веќе шест години. Тоа не е обична ревија, туку еден вид моден перформанс на кој овој пат настапија 20 девојки од Македнија. Како студио „Црнокрак“ бевме организатори и на кастингот, на кој манекенките ги избра лично директорот на „Академија Италијана“, Винченцо Џува, а потоа и на целиот престој таму. Поминавме прекрасна недела и стекнавме многу корисни искуства. Пред 20-тина дена бевме во Никозија, на избор за Мис на Медитеранот 2011. И тоа беше еден вид проект, бидејќи имаме откупено лиценца за десет земји, па преку нас таму учествуваа претставнички од речиси сите околни земји, плус од Шпанија, Италија... Благодарение на контактите што ги имаме со националните директори,успеавме да бидеме застапени со завидна бројка, а најубавото за нас е што нашата девојка, Ива Михајловска, ја освои титулата прва придружничка.

Со колку агенции имате соработка?

Мики: Со околу 80 од целиот свет и се познаваме со главните луѓе од сите тие агенции и организации. Подготвени сме и во Макеоднија да одржиме меѓународен избор со 70-80 мисици од сите континенти, бидејќи ги имаме контактите. Но, секогаш се јавува проблемот на финасиите. Тешко оди со спонзорирањето, и поради тоа се’ уште го чекаме поволниот момент. Буџетот за манифестацијата во Никозија изнесуваше околу 900.000 долари. За да се направи нешто слично во Македонија треба многу помалку, но и тоа не е можно да се најде, барем засега.

Колку може да се најде?

Мики: Ништо, нула. Ние одиме со години на разни избори и никогаш не сме добиле ни денар од државата, ниту од спонзор. За се’ се снаоѓаме сами. Единствена помош имаме од „Студио Арт“ со Сретен Костиќ и целиот негов тим, салоните за убавина „Елит“ и „Далила“, кои ни помагаат да го надополниме убавиот изглед на нашите девојки, и од дизајнерите, како Елена Лука, која ги изработува креациите за тие учества. Настојуваме да го прошириме тој круг, но оди многу тешко, иако сме толку долго амабсадори на македонската убавина во светот. Од 90 насто од изборите се враќаме со титула или со влез во финалето.

Што значат за вашата агенција учествата на европските и светските натпревари за убавина?

Светлана: Најважни се контактите. Повеќето проекти што ги работиме надвор од Македонија се благодарение на луѓето кои ги запознаваме на тие избори. Таму добиваме покани за модни ревии, снимање реклами, нови избори на убавина... На таквите настани доаѓаат многу модни агенти, кои пак, соработуваат со агенции од светот и сите се на едно место. Затоа е важно е да се биде присутен.

Летово, повторно, ќе бидете ангажирани и на домашен и на странски терен...

Мики: Да, како и секое лето, ќе се одржи изборот за Мис на Македонија, односно Летна Убавица. Турнејата ќе трае еден месец, во речиси сите поголеми градови низ земјава. Тоа ќе бидат еден вид полуфинални вечери, а во првата половина на август ќе го одржиме финалето, каде ќе се претстават 15 финалистки и ќе се избере новата Мис на Македонија.

Светлана: Веќе се пријавени повеќе од 70 девојки, но конкурсот се’ уште трае и сите заинтересирани може да ни се обратат преку нашата интернет страница www.crnokrak.com.mk , така што не е доцна за некое ново, убаво лице.

Мики: Во јули имаме и Мис бикини интернешенел што ќе се одржи во Кина, на прекрасниот остров Санае, каде со одржуваше неколку години изборот за Мис на светот. Таму под знамето на Македонија ќе настапи Маја Лазаревска, која направи пауза, но сега повторно се активира и изгледа одлично. Иако има 27 години може со голем успех да се занимава со манекенство и да учествува на избори за убавина.

Колку има работа за модните агенции во Македонија?

Светлана: Има, ние постојано работиме. Промоции, презентации, телевизиски емисии, избори на убавина... Спотови и реклами има многу, и верувам дека ќе ги има повеќе. Ова ни е јубилејна година, студиото „Црнокрак“ постои десет години и живее од својата работа. За жал, она што најмногу го сакаме, модните ревии, ги има помалку отколку порано. Се организираат, но во помал број.

Мики: Ако нема, ги измислуваме. Ги тераме креаторите да направат нова колекција, за ние да организираме модно шоу. Модните куќи треба да сфатат дека им е тоа најдобрата реклама. Во нашето окружување, на пример во Белград, ревии има речиси секојдневно.

Неколку македонски манекенки успеаја да направат кариера и во светските центри. Како се стигнува до Милано, Париз или Њујорк?

Мики: Преку нас е многу лесно. Веќе седум-осум години ние имаме соработка со најдобрата модна агенција во светот, „ Women “ од Милано. Буквално анонимус, кој никогаш немал допирна точка со оваа работа, ако има желба и ни се обрати, ние можеме да го испратиме во Милано. Од тој аспект, вратите се отворени. А, зошто нема таму повеќе манекени од Македонија, е прашање на менталитетот и на амбицијата. Голем дел од нашите девојки сакаат да направат една или две модни ревии, да снимат еден или два спота и да кажуваат „Јас сум манекенка во Црнокрак’“. Не се заинтересирани за нешто повеќе. Ни за Белград, ни за Њујорк, Милано или Лондон. Не можат да се одвојат од родителите, дечкото, окружувањето... Речиси 80 проценти од девојките размислуваат така.

Светлана: Штета поради тоа, бидејќи во ова време се’ им се сервирано и има кој да се грижи за сите организациски работи. Ние, како модна агенција, ги испраќаме кај сигурни луѓе, кои ќе водат сметка за сите нивни потреби и за развојот на кариерата. Најдобар пример се нашите модели Маја Сашек, која изгради одлична кариера во Милано, или Бојана Васиќ, која е во Њујорк, каде се школува и работи како модел. Најново од Бојана е што доби ангажман од Холивуд, па почна и да глуми.

Мики: Значи, лесно е да се стигне таму, но тешко е да се одлучат. А и кога ќе се отиде мора да се биде максимално професионален, без оглед на годините. И многу млади мора да се навикнат на работа како врвни професионалци.

Светлана, колку си задоволна од твојата работа како телевизиски презентер?

Светлана: Па, мислам дека не е лошо. Почнав на Канал 5, односно на Пет плус, каде дојдов сосема случајно, на идеја на Миленко Неделковски и Ранко Буба Мара, за презентирање спортски вести. Тоа ми беше прилично изненадување, бидејќи не е моја област. Спортот го следам само преку Мики, кој е страстен љубител, но никогаш не сум имала особен интерес. Сепак, прифатив и мислам дека добро се снајдов. Таму бев седум-осум месеци, но не одеа работите добро финансиски и тој обид заврши. Потоа ме повикаа од „АБ Канал“ да бидам презентер во информативната програма, односно на политичките вести. Таму поминав речиси една година, кога дојде понудата од телевизија „Пинк“. Тоа ми беше голем предизвик и веднаш се согласив.

Што се случува со „Пинк 15“? Не одат работите според планираното.

Светлана: Требаше да почнеме во декември минатата година, меѓутоа се случија здравстени проблеми со сопственикот на телевизијата, поради што целиот проект во Македонија стагнираше. Сега состојбите се средуваат и имаме најава дека од есен ќе стартуваме со вистинска работа.

Остана ли екипата? Некои новинари си заминаа.

Светлана: Најголемиот дел од екипата е тука, а јас не би можела да го коментирам заминувањето на неколкуте новинари. Колку што знам тие немаа трпение да чекаат толку долго без конкретен ангажман. Но, работата почнува да се нормализира. Веќе доаѓаат заостанатите плати и телевизијата фукнционира. На денот на изборите имаше директен линк од пред Собранието, во вестите на „Пинк“ во Србија. Верувам дека мојата бременост ќе се развива паралено со подготовките за стартувањето на телевизија, па ќе можам нормално да се вклучам во работата кога ќе дојде време за тоа.


 

Миодраг Мишолиќ

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?