Многу мажи денес одлучуваат да живеат неодговорно. Не се грижат за иднината и за последиците од своите дејствија, се додека не дојде време за плаќање на алиментација.
Многу жени се нашле во ситуација каде што нивните партнери не покажуваат никаков интерес и подготвеност да преземат одговорност за ново настаната ситуација. Да очекуваш дете со човек кој е во постојано бегство од реалноста, може да биде полно со неизвесност и чувство на осаменост. Следниве ставови нека Ви помогнат во определување на вашите идни насоки :
- Разбирливо е на почетокот да постојат измешани чувства во врска со родителството. Потенцијалните родители често се плашат од губењето на сето она што до пред тоа го имале во своите животи – слободата, забавата и слободната волја. Да се стане родител може да биде застрашувачки , особено ако Вашиот однос со родителите бил полн со тензија и напнатост, па сето тоа резултирало врз вас како врз родител. Чувството на несигурност на партнерот не претставува ништо лошо - најбитно е како ќе се одговори на тоа чувство.
- Жените и мажите на различен начин се подготвуваат да ја прифатат новата улога на родител. Жените први дознаваат дека се бремени и полесно ги прифаќаат промените на сопственото тело . Мажите исто така може да забележат дека нешто се менува, знаат дека ќе станат татковци. Но, за разлика од жените не може да ги почувствуваат емоционалните и сензуалните промени. Дури и мажите кои морално се посветени на идејата за татковство потребни им се неколку недели и цели месеци за да ја прифатат во целост “промената“ и да станат татковци.
- Кога мажите не се во целост подготвени да станат родители, потребно им е повеќе време да стапат во брак и да ги прифатат сите одговорности и стравови кои се составен дел од секоја новонастаната ситуација. Во случај да се реши партнерот на бегство - идната мајка не само што ќе ја изгуби неговата доверба за љубов спрема тоа дете туку истовремено се рушат и нејзините соништа за заедничко одгледување на детето. За многу жени таквите загуби често може да предизвикаат длабока тага и депресија.
- Во ситуација на неодговорно татковство , немојте да молите и да си припишувате на себе вина за таквото однесување затоа што тоа се негови одлуки и Вие немате никаква вина за тоа.
- Знајте дека кога еден човек бега од татковство , неговата мотивација е стравот, а не лично отфрлање на мајката. Со други зборови (иако е полесно сето тоа да се разгледа во теорија отколку во пракса) немојте се да си замате при срце. Ништо погрешно не сте направиле.
- Бидете опкружени со луѓе кои ќе бидат покрај Вас и не плашете се да побарате помош. Бременостa е период на зголемена емоционална чувствителност и фактот дека таткото побегнал може да биде преголем залак за Вас. Ако чувствувате преголема тага потребно е да побарате стручна помош , подобро порано додека не биде предоцна. Ако е можно, пожелно би било доколку и таткото Ве придружува и заедно со вас учествува во надминување на сите стравови со што ќе се спреми за новата улога.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
10 работи што секоја трудница тајно ги нап...
Секоја трудница има момент во животот кога прави нешто за што се кае. Сепак, не можеме да го спречиме тоа. Дали се согла...
4
Подуеност во бременоста
Подуеноста е честа и нормална појава за време на бременоста особено во првиот и вториот триместар.
3
Контрола на хормоните во текот на бременоста
Бременоста е период кога телото на жената поминува низ интензивни хормонални промени. Овие промени се неопходни за разво...
3
Бременоста и летните горештини
Горештините не се воопшто пријатни за повеќето луѓе и особено за бремените жени. Еве неколку совети, кои ќе им помогнат ...
3