Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Бебето на возраст од 6 недели нема развиен центар за терморегулација, па може да се прегрее на големи горештини. Погрижете се да биде сместено во просторија со добра изолација од сонце.
Дали се препорачува клима-уред во собата од бебето?
Добро е да е станот климатизиран и температурата во него да не биде поголема од 28 степени, но никако не е добро клима уредот да биде вклучен во собата во која престојува бебето, бидејќи сигурно ќе настине.
Дали бебето треба да пие вода во лето?
Ако бебето е на ексклузивно доење, не мора да пие вода, но не е забрането. Доколку сака, може понекогаш да пие вода меѓу два подои. Но ако е бебето да вештачка храна, треба да пие вода 2-3 пати дневно.
Доколку патувате, секогаш треба да имате подготвено вода за бебето. Користете флаширана или преварена вода.
Како да ја заштитите кожата на бебето од штетните сончеви зраци?
Единствена корист од сончевите зраци за бебето е создавањето на витамин Д во кожата. Кожата на бебето е нежна и танка, па сонцето повеќе и штети отколку што и користи.
УВ зрачењето е многу штетно, па бебето треба да го заштитите добро: користете крем со заштитен фактор (UVA и UVB) со фактор минимум 50 и нанесете го на кожата на бебето половина час пред да излегувате. На секои два часа бебето повторно се мачка со крем.
Многу ретка појава се изгореници од сонце кај бебињата бидејќи не одат самостојно, а родителите ги чуваат подалеку од сончевите зраци. Сепак имајте покрај себе Јекодерм, или некој друг препарат против изгореници.
Не заборавајте на шеширот – бебето мора да го носи постојано додека е надвор. Шеширот ја штити главата од претоплување и очите од УВ зрачење.
Дали бебето треба да се носи на море?
На плажите покрај море обично има голема гужва. Доколку бебето го капите во морската вода, тоа може да проголта одредена количина вода, која може да биде загадена, па да добие стомачен вирус со стомачни болки и температура..
По капењето во морската вода, бебето треба да се истушира, за да се отстрани солта од неговата кожа. Бебето не смее да биде изложено на сонце од 10-17 часот и треба да биде во ладовина.
Внимавајте на дневниот ритам. Бебето треба да биде нахрането навреме и да спие во ист ритам како дома, за да биде спокојно.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Кога моето бебе може да преноќи без мене?
Првото разделување преку ноќ со бебето може да биде емоционално и за р...
Вековната дилема конечно добива подлабоко објаснување. Дали пилешкото ...
Избегнувајте ги овие 2 пијалаци
Нашето тело е прецизен хормонски механизам. Секојдневните избори кои г...
Татковци во првите месеци, нивната улога и емоции
Кога се зборува за новороденчиња, фокусот речиси секогаш паѓа на мајка...
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.