Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Во принцип, доколку дадете писмена согласност за донирање на матичните клетки од Вашето бебе, тие може да бидат искористени за секој кој има директна компатибилност со вашето дете, како на пр. со брат или сестра.
Како ќе знаеме дали клетките се компатибилни за употреба кога е потребно?
Таканаречениот HLA тест (тест за компатибилност/совпадливост на ткивото) ќе треба да се прави кај донаторот и пациентот. Од шест дадени параметри, најмалку четири или пет треба да се совпаѓаат. Во спротивно постои ризик отфрлање кое може да биде опасно по живот т.н Graft versus Host заболување (реакција на отфрлање на трансплантираното ткиво).
Во случај на близнаци, дали треба да имам повеќе од еден сет?
Да, во случај на близнаци Ви требаат два сета. За вториот сет имате попуст од 50% на цената на услугата (Видете дел за цени).
Дали може да ги продадам моите матични клетки на трето лице?
Во повеќето земји, продавањето на делови од телото, како и крв на трето лице е нелегално.
Дали земањето на крв од папочна врвца е болно или опасно за моето бебе и мене?
Воопшто нема потреба да бидете исплашени. Самата постапка се изведува непосредно по завршување на породувањето, после пресекувањето на папочната врвца. Примерокот се зема од делот на папочната врвца кој е поврзан со плацентата – безбедна и безболна процедура без ризик. Ние секогаш внимаваме здравјето на мајката и детето да бидат на прво место.
Колкава е веројатноста, едно лице да ги искористи своите матични клетки во тек на животот?
Во тек на животот- се до 70 години, веројатноста дека лицето ќе има потреба од трансплантат од сопствените матични клетки (автологен трансплантат) е 1 во 450 или 0,23%.
Во тек на животот- се до 70 години, веројатноста дека лицето ќе има потреба од трансплантат, свој или од друго лице (автологен или алоген трансплантат) е 1 во 220 или 0,46%.
Референци Pasquini, MC, Logan, BR, Verter, F, Horowitz, MM, & Nietfeld, JJ. Abstract објавено во: Blood 2005; 106:1330.
Кога можам да го очекувам сетот за колекција на мојата домашна адреса?
Треба да биде доставен во рок од еден до три дена по прием на Вашата нарачка. Вие ќе добиете фактура една недела по добивање на сетот.
Дали некој друг надвор од моето семејство ќе има пристап до овие матични клетки?
Не, матичните клетки може да бидат ослободени од чување само со писмена согланост на родителите или старателите на детето.
На што се должи неуспешноста на постапката?
Понекогаш количината на крв земена при породувањето може да биде многу мала или контаминирана како резултат на нестерилна постапка. Ние имаме успешен процент во повеќе од 85% од сите примероци. Внимателно читање на упатството ги зголемува шансите за успешност.
Дали постои поврзаност помеѓу волуменот на собрана крв и бројот на матични клетки?
Општо земено, постои директна корелација помеѓу волуменот на крв и бројот на матични клетки. Меѓутоа, во индивидуални случаи постојат исклучоци. Општо правило е дека колку е поголем волуменот на собрана крв, толку има повеќе матични клетки.
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |
забава Бремените
Автор: bobik
Како да играте со вашето бебе додека е будно?
Во првите неколку недели по раѓањето, новороденчето поголемиот дел од ...
Детството е периодот кога учиме да го разбираме светот и сето она што ...
Црвени дамки, чешање и оток, појавата на осип кај детето може да изгле...
Чувство на вина кај новите родители
Родителството често се прикажува како врвно исполнување, како момент н...
Зошто бројката на вагата не е најважна?
Колку повеќе навлегуваме во светот на фитнесот и здравјето, толку пове...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: