|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Сегашни терапии со матични клетки

Cryo Save, Bi-MEK, 4.5.2010
Постојат две основни групи на терапевтски третмани со матични клетки: автологна и алогена. При автологната терапија со матични клетки, кај пациентот се користат сопствените клетки. При алогениот третман, матичните клетки потекнуваат од друго лице.

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Кои терапии со матични клетки во моментов се достапни? 

Матичните клетки веќе со години се употребуваат во медицината за следниве цели:

За хематолошки заболувања, како на пр.леукемија, медицината со децении користеше алогени трансплантати од коскена срж, за да ја замени оштетената коскена срж на пациентот, со здрава.(1)

Коскената срж содржи голем број хематопоетски (крвотворни) матични клетки. Од 1988год., за третман на леукемија почнуваат да се користат и алогени матични клетки од папочна врвца.(2) Успешноста на овие третмани е исто толку висока како и при употребата на матични клетки од коскена срж.(3)

Во 2000год., во едно водечко медицинско списание беше објавен список на заболувања (Листа на болести), кои можат да се третираат со автологни матични клетки од коскена срж.(4) Всушност, над 70 заболувања веќе со години успешно се третираат со хематопоетски матични клетки од папочна врвца и околу 15, со не-хематопоетски матични клетки. Меѓу нив се вбројуваат некои видови на малигни забоувања на крвта, заболувања на лимфниот систем, како Хочкин лимфомот, одредени тумори (вклучувјќи тумори на градите и јајчниците) и автоимуни заболувања (состојби кога имуниот систем ги напаѓа сопствените клетки), како системска склероза и јувенилен артритис. За поголемиот дел од нив, матичните клетки се дел од стандардните тераписки протоколи. Бројот на таквите болести се очекува во блиска иднина забрзано да расте. Постојат и други заболувања, при кои терапијата со матични клетки покажала подобрувања, но таа сеуште не е прифатена како дел од стандардните третмани. Автологните матични клетки исто така се употребуваат по хемотерапијата, во склоп на протоколите за лекување на малигни заболувања. Нивната улога е да ја регенерираат коскената срж.

Кога автологните матични клетки се неопходни?

Употребата на алогени (туѓи) матични клетки за лекување на одредено заболување, во голем процент на случаи може да доведе до реакција на отфрлање од страна на телото. Во тој случај, единствено третман со автологни (сопствени) матични клетки би можел да биде корисен. Во други случаи - како на пр. леукемија - докторот е тој, кој треба да направи избор помеѓу автологни и алогени матични клетки. Понекогаш, клетките од близок роднина се оптималното решение. Најдобро би било, ваквите одлуки од медицинска природа да се препуштат на медицинските експерти.  

Едно нешто е сепак, сигурно: докторот, кој има пристап до матичните клетки од папочната врвца на неговиот пациент, има на располагање повеќе опции за третман.


[1] Wotzel M., Folia Haematol Int Mag Klin Morphol Blutforsch 1984; 111 (2): 238-242
[2] Gluckman E., NEJM, 1989; 321(17): 1174-1178
[3] Sanz GF., Curr. Opin.Organ Transplant 8, 2003, 109-117
[4] British Medical Journal, 2000, 321: 433-437 
 

 

Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете.

Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:  

  1. CryoCord: чување на матични клетки само од крвта на папочната врвца
  2. CryoCord+: чување на матични клетки од крвта и од ѕидот на папочната врвца

Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса.

Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бледа линија на тестот за бременост
Користењето на домашен тест за бременост е многу едноставно. Две линии значат дека сте бремена, една дека не сте. Но што...
4
9 знаци кои укажуваат на можна бременост
Многу жени имаат сомнежи и двоумења кога се работи за бременоста. Многумина велат дека едноставно чувствуваат дека „нешт...
4
Кои се знаците на инфекција по царски рез?
Инцизија и инфекции на матката се релативно чести по царски рез. Дознајте за вообичаените симптоми на инфекција по царск...
4
Девојка родила бебe зачнато пред 24 години
Женското бебе се роди од ембрион што бил замрзнат пред 24 години, па ова најверојатно случај со најдолг период меѓу зачн...
4




Анкета

Najubavo zensko ime
lavche_oh

Iva Eva Ema

Iva (53%)

Eva (47%)


Број на сите гласови: 234

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!