Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Торта со неверојатен вкус
Состојките за тестото изматете ги со миксер. Додајте ги мелените ореви помешани со брашното и прашокот за печиво. На белките додадете ги солта и шеќерот и се` заедно изматете во цврст снег. Подготвените белки ставете ги во смесата за тесто. Печете во плех обложен со хаартија, со големина од 32 х 22 cm. Изладеното тесто исечете го за да добиете две кори. На површина за сервирање на тортата ставете го тестото и прелијте го со половина од преливот за тесто. На тестото ставете ги исечените јагоди. За првиот крем: содржината од вреќичката за прелив на торта измешајте ја со шеќерот и со 6 лажици ладна вода. Остатокот од водата загрејте го до вриење, тргнете ја водата од оган и ставете го преливот. Мешајте додека се згусни и оставете го преливот да се излади. Ставете неколку капки екстрат од јагода. Добиениот фил ставете го на тестото, над јагодите. За вториот фил: миксирајте ја хоплата додека не добиете цврст шлаг. Во шлагот ставете го ванилиниот шеќер, јогуртот и рум. Измешајте го желатинот со вода и оставете да набабри 10 минути. Ставете ја мешавината да се загрее и подгответе желатин. Ставете го желатинот во кремот. Нанесете го на колачот над првиот крем. Вториот дел од тестото прелијте го со преливот и ставете го над кремот. Оставете ја тртата на ладно да се стекне. Над тортата ставете чоколадна глазура и украсете ја со јагорки и чоколадни јајца.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 5
За тесто:
- 5 јајца
- 70 гр. шеќер
- 60 гр. мелени ореви
- 50 гр. брашно
- 2 лаж. прашок за печиво
- 4 белки
- прстофат сол
- 1 лажица шеќер
Прелив за тесто:
- 100 мл. млеко
- 2 лаж. рум
За прв крем:
- 200 гр. јаготки
- 2 кесички прелив за торта
- 80 гр. шеќер
- 5000 мл. вода
- екстрат од јагода
За втор крем:
- 500 мл. хопла
- 3 кесички ванилин шеќер
- 200 мл. овошен јогурт од јагода
- неколку капки екстрат од рум
- 1 кесичка желатин
- 5 лаж. вода
За украсување
- јаготки
- мали чоколадни јајца
забава Бремените
Автор: bobik
Кога ќе дознаеш дека си бремена, радоста често доаѓа заедно со нешто ш...
Брзо препознавање на првите знаци на бременост
Првите денови од бременоста често минуваат незабележано, бидејќи симпт...
Добриот живот ретко се состои од големи настани. Почесто, тој се гради...
Ако не забремениш веднаш, нешто не е во ред
Во општеството сe уште постои силен притисок околу бременоста. ...
7 дена - 7 митови за плодноста
Плодноста е тема полна со совети, „искуства од комшиката“ и добронамер...