Коктел со чоколадо и нескафе
Автор:
Редакција Рингераја
Идеален во борбата против мамурните утра, кои се закануваат да ви го уништат денот
Подготовка
1. Во сад со средна големина измешајте го распопеното кафе, чоколадото и путерот . На тивок оган мешајте неколку минути за да добиете фина смеса.
2. Во друга чинија измешајте ја жолчката, екстрактот од ванила и шеќерот. Додадете ? лажичка ладна вода. Гответе на пареа додека смесата не се соедини.
3. Со миксер изматете ја белката со шеќерот (? лажица) и додадете ја во смесата која уште е на пареа. Продолжете да мешате уште минута две. Потоа оставете ја добро да се олади.
4. Потешкиот дел од работата е готов. Ви преостанува само добро да ги измешате двете смеси и да направите прелив од павлаката и ликерот Бејлис.
5. Коктелот е готов. Послужете го во убава чаша. Прво ставете чоколадна смеса, а одозгора од белиот прелив. Декорирајте со парченца бадеми.
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 40
Kомплицираност: 3
Состав
7 гр нескафе (растопено во 30 мл топла вода)
75 гр темно чоколадо (грубо исечкано)
75 гр путер
2 јајца (одвоени белки и жолчки)
? лажичка екстракт од ванила
65 гр шеќер (плус ? лажичка за шлагот)
150 мл слатка павлака
1 лажичка бејлис ликер
неколку бадеми (за декорација)