Понеделник, 10.2.2014
Кога се би било поинаку...0
0Денес е денот кога пред три години посакав воопшто да не се разбудам,а денес си мислам дај боже никогаш да не го доживеев.ПРОКЛЕТ 10 февруари!!! На денешен ден две парчиња од моето срце се искинаа и ме напуштија.Се борев за вас со целото свое битие ,најмили мои,но тука требало да заврши нашето заедничко патешествие.Јас продолжив овде,вечно да тажам и мечтаам за вашите прегратки и вашето прво мама,а вие заминавте таму некаде,меѓу анѓелите. Ништо од ова не требаше да биде вака,не заслуживте нитувие,ниту јас.Родителот не смее да ги надживее своите деца,а јас ја имав судбината свирепо да ми бидат одземени две.Како понатаму,само јас си знам.Денес мама ве гушка и ви праќа безброј прегратки и бакнежи
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
2016
Единствени периоди од животот, незаборавни сеќавања! Сите пресвртници и важни случувања запиши ги во својот дневник. Сподели ги со Рингераја заедницата или заклучи ги само за себе.