|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
mommy_angels RR
ОЧЕКУВАЈ КОГА НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАШ (20.5.)


Сортирај по опаѓачки редослед: 

Среда, 10.2.2016

   Денес немам каде,Земјата ми е мала,претесна,небото ми е високо ,а душата претешка.Денес сакам да стане утре,сега во моментов и никогаш да не се повтори.

0
0

Понеделник, 6.7.2015

Никогаш не посветував внимание на годишниците од брак,понекогаш дури и ги заборавав.Но годинава јубилеј,10 години,многу посебна била викаат и ајде на инсистирање на маж ми решивме да ја прославиме некаде со ручек-вечера.И така претходниот ден се договоривме после работа да одиме некаде на опуштен ручек,со дете нормално,зашто никогаш нема кој да го причува ни на еден час.

0
3

Среда, 11.2.2015

Единствено вака можам да ви кажам колку е празен животот без вас,а да не повредам друг.Знаете милички дека вие сте дел од мене засекогаш и дека мама ве сака бескрајно.Тој проклетиот ден кога засекогаш се разделивме беше вчера:Иако поминаа четири години мене ми недостигате проклето многу.Вчера во Божјиот дом мама ви запали две убави свеќички , за вечна светлина да ве следи.Ве сакам ,засекогаш

0
0

Четврток, 8.5.2014

Кога во главата почнуваат да ми навираат слики,зборови и ситуации кои сакам засекогаш да ги заборавам,е тоа е еден од оние денови кога сакам да се свиткам во клопче и молчам.Бура од емоции,тага,вина,милион прашалници и ниту еден одговор.Силно верувам дека во животот се искупуваш за сопствените гревови,ама што тоа јас направив за да ја носам оваа болка во мене?!?! Каков грев имам направено за да стојам пред одлуката дека едно дете треба да се изгуби,во обид да се спаси другото,за на крај да ги изгубам и двете ?!?! Колкаво е тоа срце што секој ден ја носи болката дека мајчиното тело ги отфрли сопствените деца ?!?! Нели е преголем овој терет за еден обичен смртник?

0
0

Понеделник, 10.2.2014

Денес е денот кога пред три години посакав воопшто да не се разбудам,а денес си мислам дај боже никогаш да не го доживеев.ПРОКЛЕТ 10 февруари!!! На денешен ден две парчиња од моето срце се искинаа и ме напуштија.Се борев за вас со целото свое битие ,најмили мои,но тука требало да заврши нашето заедничко патешествие.Јас продолжив овде,вечно да тажам и мечтаам за вашите прегратки и вашето прво мама,а вие заминавте таму некаде,меѓу анѓелите. Ништо од ова не требаше да биде вака,не заслуживте нитувие,ниту јас.Родителот не смее да ги надживее своите деца,а јас ја имав судбината свирепо да ми бидат одземени две.Како понатаму,само јас си знам.Денес мама ве гушка и ви праќа безброј прегратки и бакнежи

0
0

Понеделник, 8.7.2013

Мои најмили,мама денес прочита за едно мало сонце како вас кое прерано заминало од овој свет.Не ми треба ваква приказна за да помислам на вас,но ете денес срцето ме здоболи толку силно што солзите не престануваат да течат,а пробувам да ги запрам.Душава ме боли исто како и пред две години.Сакам да викам,да колнам и преколнувам,ама знам дека нема никаква корист од тоа.Кој рекол дека болката поминува со текот на времето-ИЗЛАЖАЛ.Кој рекол дека болката се намалува низ времето ,исто-ИЗЛАЖАЛ.Најсуровата вистина е дека таа е тука,во мене,ја носам секој ден како жива рана која благо крвари секој ден и не зараснува.Никогаш ни нема да се случи тоа,едноставно научив да живеам со неа и е дел од сите мои радости и несреќи.Кога сум тажна од некоја друга причина,секогаш плачам и за вас,кога се радувам,меѓу солзите радосници секогаш има и по една за вас,затоа што не сте тука да ја споделам со вас.Не ми ја пружија шансата барем еден пат да ве гушнам и бакнам и на миг само да ви кажам-мама ве сака,затоа што најмили мои-МАМА ВЕ САКА толку нежно ,а во исто време и толку силно,знаете на оној начин ,на кој сака само една мајка.

0
3


Кликни тука за да ги видиш другите јавни дневници!
Се смееме, плачеме и растеме заедно!