Сабота, 13.7.2013
Мамо, ќе нанаш на работа?0
8Ми вели синоќа синко, мамо ти зошто не си дојде дома од работа, таму ќе нанаш? Да, му велам, мама има многу работа и два дена тука ќе нана, после ќе си дојде и наааајсилно ќе те гушне. Мамо, ми вели, а каде работиш сега, во Струмица, не му велам, сега мама работи во Охрид. Добро мамо, ми вели, ти работи, јас ќе бидам умен и ќе те чекам. Ех, сонцето мое порасна веќе, разговара со мене како големо дете. Секогаш кога ги оставам мажињата мои дома, се чувствувам пола чевек. Иако имам цел кревет само за себе, јас не можам да спијам, јас сум со мислите во мојот преполн кревет каде спијат моите мажиња. Ех, синко, мама те гушка најсилно на светот, и знае дека си умното, паметно мамино момченце.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
2013
Единствени периоди од животот, незаборавни сеќавања! Сите пресвртници и важни случувања запиши ги во својот дневник. Сподели ги со Рингераја заедницата или заклучи ги само за себе.