Грисолино десерт со малини
Брз и лесен десерт, кој особено го препорачувам за летните денови.
Главен готвач: СањаВ.
Време за подготовка: 15 мин
Комплексност на подготовка: 1/5
|
(бр. гласови 32)
|
Инструкции за подготовка на рецептот
ПОДГОТОВКА
1.Ставете го млекото со 100 шеќер да проврие, па додадете Лино Грисолино или Лино Гриз и варете 2 минути, со постојано мешање. Веднаш истурете ја смесата во теприја и израмнете ја.
2. Во друг сад ставете 500 мл. вода со 100 гр. шеќер, па штом зоврие, додадете ги малините, варете 1-2 минути, тргнете го садот од ринглата, па ставете го пудингот, кој претходно сте го разматиле добро со малку вода. Вратете го садот на рингла и варете уште 1 минута, со постојано мешање. Жескиот пудинг истурете го над смесата со гриз.
3. Откако ќе се олади на собна температура, над колачот ставете слаг пена. Ставете го колачот во фрижидер за да се стегне убаво, пред да го послужувате.
Пријатно!!!
Семеен совет плус