Среда, 14.8.2013
Имам дом, немам дома, е работава. Дом е место каде живееш, дома е место каде сакаш да се скриеш од надвор. Да се одмориш, да се собереш и пак да се распостелиш со твоите. Дома е место каде никој не ти гази по нерви, каде си свој и не мораш да си играш маскембал. Си ја сакам домата, сакам повторно да живеам дома. Преку глава ми е од тактизирање, мерење и премерување, надмудрување и намалување штети. Мислам дека немам повеќе сила да се правам наудрена, дека домот е дома. При крај сум..
Сабота, 13.7.2013
Ми вели синоќа синко, мамо ти зошто не си дојде дома од работа, таму ќе нанаш? Да, му велам, мама има многу работа и два дена тука ќе нана, после ќе си дојде и наааајсилно ќе те гушне. Мамо, ми вели, а каде работиш сега, во Струмица, не му велам, сега мама работи во Охрид. Добро мамо, ми вели, ти работи, јас ќе бидам умен и ќе те чекам. Ех, сонцето мое порасна веќе, разговара со мене како големо дете. Секогаш кога ги оставам мажињата мои дома, се чувствувам пола чевек. Иако имам цел кревет само за себе, јас не можам да спијам, јас сум со мислите во мојот преполн кревет каде спијат моите мажиња. Ех, синко, мама те гушка најсилно на светот, и знае дека си умното, паметно мамино момченце.
Вторник, 11.6.2013
Дали е ова стварноста? Дали живеам во паралелен свет? Дали ова што мислам дека го гледам и слушам, навистина се случува. Се почесто си помислувам дека не. Или јас не сум за тука, или сум во војна со светот.
Вторник, 11.6.2013
Дали е ова стварноста? Дали живеам во паралелен свет? Дали ова што мислам дека го гледам и слушам, навистина се случува. Се почесто си помислувам дека не. Или јас не сум за тука, или сум во војна со светот.