
18.01.2010, 08:34

6692
Телото на познатата пејачка Бијонсе до ден денес предизвикува различни коментари. Некои едноставно сметаат дека е дебела, а други ѝ се восхитуваат на облините. Многу девојки посакуваат да имаат тело како на Бијонсе – тенка половина и цврст добро оформен задник.
Оваа статија ги открива диетата и фитнесот што Бијонсе ги практикува, за секогаш да измамува воздишки.
Диетата на Бијонсе „Додека растеше Бијонсе беше буцкасто дете" – многукратно има изјавено Тина Ноулс, мајката на Бијонсе. Можеби Бијонсе некогаш била буцкаста, но денес нејзината фигура ги краде машките погледи. За да изгледа секогаш прекрасно на сцената и на црвениот тепих, Бијонсе внимава на својата исхрана. Диетата на Бијонсе со состои од консумирање на храна богата со протеини. Популарната пејачка најчесто консумира кревко месо без маснотии и зелени зеленчуци. На листата на забранетите храни во диетата на Бијонсе се црвеното месо, лебот и алкохолот. " Јадам многу здодевни нешта како зелени зеленчуци. Не јадам црвено месо или леб и не пијам алкохол – не го сакам вкусот на алкохол. Бијонсе