cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Интимноста почнува со збор: Дали се чувствувате слободно да кажете што ви треба?

Отворената комуникација меѓу партнерите е основа за длабока интимност и задоволство во врската, особено кога станува збор за она што се случува во креветот.

Интимноста почнува со збор

Кога ќе си кажете  еден на друг што ви треба или што ви се допаѓа, тоа носи многу повеќе од само физичко задоволство. Тоа гради доверба, блискост и разбирање.

 

Искреноста носи ослободување

Кога сте искрен и си кажувате што ви треба, чувствувате дека си верувате меѓусебно доволно за да ги споделите своите желби и потреби. Тоа е голема чест и покажува дека вашата врска е сигурно место каде што можете да бидете тоа што сте, без страв од осуда.

 

Градите подобра врска преку разбирање

Комуницирањето за тоа што ви треба во кревет ја отвара вратата за подобро разбирање на вашето тело и вашите чувства. Така можете да ја поддржите другата страна и да одговорите на начин што навистина и одговара, наместо да се обидувате да погодите или да се водите од претпоставки.

 

Зголемена блискост и страст

Кога кажувате што ви треба, се поттикнувате межусебно да бидете покреативен и внимателни еден кон друг. Ова ја зголемува страста, а интимноста станува поинтензивна и поздрава. Секој пат кога сте отворени, вашата врска добива ново ниво на доверба и задоволство.

 

Намалување на стресот и несигурноста

Тешко е да се чувствувате целосно опуштено кога мислите дека вашите желби се тајна или табу тема. Кога ги споделувате, го намалувате стресот и несигурноста. Знаете точно што ви треба и можете да се посветите и да ви се посветат на тоа со цело срце.

 

Совети за полесно споделување

  • Започнете со мали работи, кажете што ви се допаѓа, што ве релаксира.
  • Користете позитивни зборови и фокусирајте се на тоа што сакате, а не на тоа што не ви се допаѓа.
  • Бидете трпеливи, сите учиме и растеме заедно.
  • Запометеи, тоа што го кажувате ви помага да се сакате еден со друг уште повеќе.

 

Кога сте искрени во кревет, вие не само што го подобрувате вашиот сексуален живот, туку и создавате безбедно и љубовно место каде што можете да растете заедно. Кажете му на партнерот/ката што ви треба. Тие се тука да ве слушнат и да ве направат среќен/на.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет