cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Детската игра – повеќе од забава. Зошто е важна?

Кога ќе ги видиме како трчаат, скокаат, цртаат, измислуваат светови, можеби мислиме дека децата „само си играат“. Но вистината е далеку подлабока.

Детската игра – повеќе од забава. Зошто е важна?

Играта е јазикот на детството. Начин на кој децата размислуваат, учат, растат и се поврзуваат со светот околу себе.

Од најрана возраст, преку играта тие учат како да комуницираат, да решаваат проблеми, да бидат креативни, па дури и да ги препознаваат и изразуваат своите емоции.
Затоа, кога ќе му дозволите на детето да игра, не му давате само време за забава. Му давате слобода, учење, емоционална сигурност и љубов.

 

Играме за да учиме и обратно

Преку играта, детето учи:

  • како да решава проблеми
  • како да комуницира
  • како да следи правила
  • како да губи и повторно да се обидува
  • како да биде креативно, без да се плаши од грешка

Дури и едноставна игра со коцки е вежба за логика, просторна ориентација и трпеливост. Замислете што значи сложување коцки за едно дете: Ако ставам тука, ќе падне. А ако пробам вака..“.

 

Емпатијата почнува во кујната на куклата

Играта со улоги: „мајка и дете“, „доктор и пациент“, „продавница“, не е само симпатична имитација. Тоа е начин детето да ги разбере туѓите чувства, да вежба слушање, грижа, поставување граници.

Така, кога детето вели „сега јас сум доктор“, тоа не само што си игра, тоа го учи светот.
Детето вежба што значи одговорност, моќ, грижливост.

 

Во играта е и терапија без зборови

По лош ден, по расправија, по претрпен страв, детето ретко ќе каже „вознемирено сум“. Но ќе земе камионче и ќе го удира од ѕид. Или ќе ги скрши сите лего-фигурки.

Во тие моменти, играта е јазикот на неговите емоции. Понекогаш, преку играта, децата го изразуваат она што не можат да го кажат. Затоа терапевтите често користат play therapy – затоа што таму, низ игра, излегуваат вистинските приказни.

 

Играта гради самодоверба

Кога детето самостојно решава како ќе изгради кула, како ќе води тим во игра или кога ќе смисли нова улога во претставата што ја замислува, тоа гради идентитет.
Во тој момент кога ќе рече „Јас сам го направив ова!“и тоа е повеќе од гордост. Тоа е почеток на вербата во себе.

 

Што се случува кога играта се заменува со екрани?

Во денешниот свет, сè повеќе деца минуваат часови пред екрани, стануваат пасивни, во свет што не бара многу од нив. Екраните нудат забава, но не и развој. Тие се филм, а играта е сцената каде детето е главниот актер.

 

Што можеме да направиме како родители?

  • Оставете време за слободна, нефорсирана игра – без цели, без поени, без „успех“.
  • Играјте заедно – бидете лав, змеј или коњ, не ви треба совршен костим, туку присуство.
  • Подгответе средина што го повикува детето на игра – простор со книги, играчки, материјали за цртање, без многу правила.
  • Не се мешајте прерано – дозволете му да се досадува, да смисли, да проба и да не успее.

 

Кога ќе го видите вашето дете како зборува со мечето, како скока по кревет, како се преправа дека е астронаут, знајте дека токму тогаш неговиот ум расте и се гради. Играта е најсериозната работа на едно дете.
А нашата задача? Да ја разбереме, да ја поддржиме и понекогаш, да се приклучиме.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет