Сакате да ослабете? Само јадете бавно
Јадете брзо? Со тоа не само што го отежнувате варењето, туку ги зголемувате и килограмите. Последното истражувањето покажа дека луѓето кои набрзина ги буткаат своите залаци во уста често се прејадуваат за разлика од оние кои јадат бавно.
Научниците веруваат дека брзото јадење го спречува излачувањето на хормонот кој му говори на мозокот кога е полн желудникот. Тоа сознание го поткрепуваат веќе добро познатите совети дека треба најмалку 20 пати да ја изџвакаме храната во устата пред да ја голтнеме.
Професорот Стивен Блум од Imperial College од Лондон кој го водел ова истражување истакнува дека епидемијата на дебелеење секако придонесува денеска луѓето да јадат брзо и тоа на работната маса.
- Брзото јадење, јадењето на работното место, придонесува да се зголеми ризикот од дебелеење. Нема сомнение дека ако јадеме бавно и ако добро ја џвакаме храната ќе имаме подобри шанси да останеме витки, изјави Стивен.
Во истражувањето било споредувана крвта на испитаниците откако сите изеле по 300 мл сладолед со различна брзина. Измерен бил хормонот кој му сигнализира на мозокот дека желудникот е полн и дека е време да престанеме да јадеме.
Оние кои сладоледот го јаделе пола час имале поголемо количество на хормонот во крвта и изјавиле дека се чувствуваат сити, додека оние кои набрзина го изеле сладоледот биле сè уште гладни.
< Поракaта ја уредил profesorica -- 12.11.2009 13:14:24 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))