sonce79, со среќа!!! Сега уживкај си и не мисли на ништо друго, а за две недели
Супер што замрзнавте, дај боже со нив и трето дете
Anonimen, со среќа отпочнување со терапија!
Др. Поповиќ е одличен доктор, и веќе кога почна, немој да се двоумиш туку препушти се и имај доверба во него.
При долг протокол, редовно се дава контрацепција барем еден месец, со тоа што дали ќе се даде на втор, трет или друг ден зависи од пациентот, докторот, и тајмингот на ивф-то. На пример, за мене имаше две опции, во зависност од тоа кога ќе добијам - или да почнам на 2 ден, или на 6. Почнав на 2 ден бидејќи така ми одговараше со мојот одмор, и одморот на докторот. Инаку, Микрогинон и Јасмин се комплетно исти, тоа повеќе пати сме го пишале.
Loveable Me, баш ми е жал за главоболките, изгледа Пурегоните се многу потешки од Фостимоните. Пробај со парацетамол наместо аналгин, кај многу помага. Инаку чиа семето е само протеин, не верувам дека ќе ти помогне со главоболките... Мене не ми беше гадно, и уште го јадам - го грицкам живо, но најдобро е кога го покиснувам во вода. По 15 мин се прави како желе и ако го ставиш во smoothie, се прави како пудинг
Во секој случај продолжи го, многу е корисно. Кога почнуваш со по 4 Пурегони, по мерење естрадиол?
Мене ме фаќа такво шубе до вторник, ќе препукнам. Се осеќам ко да не знам ништо и пак треба да правам тест... Мозоков ќе ме полуди
< Поракaта ја уредил Hopeful -- 28.9.2014 12:10:08 >
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015