Секој ден по малку и животот се менува
Понекогаш мислиме дека големите промени бараат големи чекори, драматични пресврти, нови почетоци и реченицата „од понеделник“. Но вистината е поинаква.
                 
			Иднината ја менуваат малите нешта што ги правиме секој ден. Не големите одлуки што ги носиме еднаш годишно.
Топло мирно будење наместо хаотично станување од кревет. Една чаша вода наместо првата негативна мисла. Пет минути длабоко дишење пред да одговорите на светот.
Кратка прошетка. Не да се храните програмирано туку да го слушате своето тело.
 Не да сте секогаш крајно продуктивни туку да бидете тука, во моментот и да не се откажувате. Тие мали моменти создаваат ритам, кој пак станува навика. А навиката ја креира вашата иднина.
Промените не доаѓаат одеднаш. Тие растат и се прават секој ден. Како растение кое го полевате ден по ден и гледате како расте, се менува.
Денес бидете благодарни што се развивате, што верувате во себе дури и кога сте тивки и уморни.
Афирмација за денес:
 „Ги правам малите чекори што водат до големи промени. Верувам во процесот што ме гради.“
 Не ти треба нов живот. Ти треба нова секунда, нов здив, нов мал чекор денес.
Ваша Рингераја.

				



