Благодарам
Денес ве поканувамe да го видите убавото што веќе го имате.
Но благодарноста нè учи да забележиме дека и во најобичните моменти постојат мали чуда. Топол чај наутро, човек кој не слуша, сонце што се пробива низ прозорецот, тишина во која дишеме.
Благодарноста не е само чувство. Тоа е избор да гледаме со отворено срце. Да не брзаме да бараме „повеќе“, туку да го почувствуваме тоа што веќе е тука.
И чудно е, но вистинито. кога сме благодарни на сегашноста, животот почнува да ни носи уште повеќе причини да бидеме благодарни.
Благодарноста го менува начинот на кој го гледаме светот околу нас, а кога гледањето се менува, се менува и животот.
Денес едноставно бидете благодарни, на тоа што сте, на тоа што го имате, на сите луѓе околу вас со кои ја делите среќата на секојдневието.
Афирмација за денес:
„Бирам да го забележам доброто околу мене. Моето срце е отворено и благодарно.“
Кога срцето е благодарно душата се смирува.
Ваша Рингераја.





