cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Кога бременоста не доаѓа брзо како што сме очекувале

Неплодноста е чувствителна и емотивно предизвикувачка тема. Многу парови веруваат дека бременоста ќе се случи спонтано, но понекогаш е потребно повеќе време, трпение и медицинска поддршка.

Кога бременоста не доаѓа брзо како што сме очекувале

Неплодноста се дефинира како неможност да се постигне бременост по 12 месеци редовни, незаштитени сексуални односи или 6 месеци кај жени постари од 35 години.

Важно е да се нагласи дека неплодноста не е ничија „вина“. Најчесто е резултат на комбинација од биолошки и здравствени фактори кај едниот или двајцата партнери.

 

1. Хормонални нарушувања

Хормоните имаат клучна улога во овулацијата и менструалниот циклус.
Најчести хормонални причини за неплодност кај жени се:

  • синдром на полицистични јајници (PCOS),
  • нарушувања на тироидната жлезда хипо или хипертироидизам,
  • променети нивоа на пролактин.

Овие состојби можат да предизвикаат нерегуларен циклус или да го спречат ослободувањето на јајце-клетката.

 

2. Проблеми со јајцеводите

Блокирани или оштетени јајцеводи го спречуваат спојувањето на јајце-клетката и сперматозоидот.
Причините често вклучуваат:

  • воспаленија особено по полово преносливи инфекции,
  • ендометриоза,
  • последици од претходни операции.

 

3. Ендометриоза

Ендометриозата се појавува кога ткиво слично на слузницата на матката расте надвор од неа.
Тоа може да предизвика: болни менструации, намалена плодност, формирање цисти и прираснувања.

Често се открива само со детални гинеколошки прегледи.

 

4. Возраст

Со текот на времето природно се намалува бројот и квалитетот на јајце-клетките.
По 35-тата година шансите за бременост се намалуваат, а ризикот од компликации се зголемува.

 

5. Машки фактор на неплодност

Во 40-50% од случаите, неплодноста е поврзана со машкиот партнер.
Најчести причини се: низок број сперматозоиди, намалена подвижност, неправилен облик на сперматозоидите, хормонални или генетски нарушувања.

Едноставен спермограм често може да даде јасна слика за причината.

 

6. Животни навики и стил на живеење

Некои фактори значително влијаат на плодноста како што се: хроничен стрес, пушење и алкохол, прекумерна или премала телесна тежина, лоша исхрана, недоволно спиење и слично.

Телото под стрес потешко одржува хормонска рамнотежа.

 

7. Необјаснета неплодност

Кај околу 10-15% парови, сите наоди може да бидат нормални, но бременоста сепак не се случува.
Ова може да биде емоционално најтешко, но постојат методи со кои шансите за зачнување се зголемуваат како на пример: стимулација на овулација, IUI, IVF.

 

Неплодноста е медицинско состојба која бара разбирање, поддршка и трпение, а не да предизвикува чувство на вина.
Со навремена дијагностика, соодветна терапија и промена на животните навики, шансите за бременост значително може да се зголемат. Најважно е да не се одлучувате сами и да побарате стручна помош навреме.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет