Женска vs. машка неплодност. Што најчесто ја предизвикува?

Кога парот се соочува со потешкотии при зачнување, често првото прашање е: „Кај кого е проблемот?“.

Женска vs. машка неплодност

Но вистината е дека неплодноста е заеднички предизвик, а причините речиси подеднакво се распределени меѓу жената и мажот.

Според статистиките:

  • околу 40% од случаите се поврзани со женски фактор,
  • околу 40% со машки фактор,
  • околу 20% се комбинирани или необјаснети.

 

Најчести причини женска неплодност

1. Проблеми со овулација

Најчеста причина. Може да биде резултат на:

  • синдром на полицистични јајници (PCOS),
  • хормонален дисбаланс,
  • нарушена функција на тироидната жлезда.

Без редовна овулација нема ослободување на зрела јајце клетка.

2. Намалена резерва на јајниците

Со возраста, бројот и квалитетот на јајце клетките се намалува, особено по 35тата година.

3. Проблеми со јајцеводите

Запушени или оштетени јајцеводи како и последици од инфекции или операции ја спречуваат средбата на јајце клетката и сперматозоидот.

4. Ендометриоза

Состојба при која ткиво слично на слузницата на матката расте надвор од неа, што може да влијае на овулацијата и имплантацијата.

 

Најчести причини за машка неплодност

1. Намален број или квалитет на сперматозоиди

Проблемите може да вклучуваат: мал број, слаба подвижност и неправилна форма.

2. Хормонални нарушувања

Недоволно производство на тестостерон или други хормони.

3. Варикоцела

Проширени вени во тестисите кои можат да влијаат на квалитетот на спермата.

4. Животен стил

Пушење, алкохол, прекумерна тежина, хроничен стрес, изложеност на висока температура се причини кои може да предизвикаат неплодност.

 

Кај кого почесто е застапена неплодноста?

Ниту еден пол не е повиновен или повеќе склон кон неплодност.
Неплодноста е медицинска состојба која бара заедничка дијагностика. Затоа се препорачува и двајцата партнери истовремено да направат испитувања, наместо фокусот да биде само на жената.

 

Што кога причината за неплодност останува непозната?

Кај 10 до 20% од паровите, сите анализи се уредни. Ова се нарекува необјаснета неплодност, но и покрај тоа, постојат успешни методи на третман.

 

Женската и машката неплодност се подеднакво чести. Најважно е да се пристапи без вина, без обвинување и со заедничка поддршка. Со современа медицина, рана дијагностика и здрави навики, шансите за успешна бременост значително се зголемуваат.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет