Gina, ако сакаш сама, можеш поткожно, не е проблем. Ако ти е страв од боцкање, тогаш оди си на лекар и ич не се замарај.
Loveable Me, подобро што одиш со помала количина на почеток, па после по потреба. Нели е подобро поспоро да се развиваат, за да созреат убаво, а не набрзина да збуфнат само - барем така ми кажаа мене во текот на постапката. Плус, ако добро си реагирала на минатата стимулација, може нема ни да треба минимум 10 дена стимулација, како што пресметал. Не знам дали си умислувам, ама понекогаш ми се чини дека докториве напнуваат со огромни стимулации за по секоја цена да има многу јајце клетки - па и за да понудат опција за замрзнување. Се е тоа ок, ама си има последици на телото, и апсолутно се слагам - нема зошто да се старееш без потреба. Уживај, добро што не запнал по свое него сте се согласиле на твојата желба. Ако има потреба, откако ќе мериш естрадиол, ќе се зголеми дозата. А за болењето, зависи и која сестра каква рака има - мене понекогаш така ме болеа, а бе по цели денови ги осеќав, газот ренде ми беше
Додуша Пурегон може повеќе болат од Фостимон... ќе издржиш, појака си отколку што мислиш
sonce79, има некакви информации од ембриологот?
_____________________________
Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015