Еве најдов нешто на нет, па да споделам со вас и може да продискутираме со искуства околу тоа:
"Бидејќи АМХ се произведува во малите оваријални фоликули, нивоата во крвта на оваа супстанца се користи да се измери бројот на растечки фоликули кај жените, а со тоа преостанатите резерви на јајце клетки -оваријалните резерви. Со зголемување на возраста на жените, бројот на миркоскопски фоликули се намалува, како и бројот на оваријални антрални фоликули. Жените со многу мали фоликули и тие со полицистични јајници имаат висок АМХ хормон, а жените кои се блиску до менопауза исто имаат нисоки новиа на АМХ.
Во однос на шансите за временост при ИВФ и вредноста на АМХ, жените со висока вредност на АМХ подобро реагираат на стимулацијата на јајниците за ИВФ и имаат повеќе јајце клетки при пункција и со тоа ја зголемуваат шансата за успех. Сепак, АМХ не кажува за квалитетот на јајце клетките, туку само за нивниот број, а при ИВФ доволно е еден квалитетен ембрион во матката за успешно ИВФ. Д-р Шербан има направено истражување за ИВФ успехот и нивоата на АМХ и неговото истражување покажало дека:
• висок АМХ ја зголемува шансата за повеќе јајце клетки при ИВФ и со тоа за успех
• низок АМХ не значи дека ИВФ постапката ќе биде неуспешна или не кај жени под 35 години
• паровите треба да се обидуваат за ИВФ и со низок АМХ бидејќи има успех во ИВФ постапките и со низок АМХ
--------------------------------------------------------------------------------
Што е нормално ниво на АМХ?
Има проблеми за толкување на висината на АМХ бидеќи не се истражува многу години релативно нова постапка е, па затоа не е јасно дефинирано кој е висок а кој низок АМХ. На пример нивоата меѓу 0.9 и 1.1.ng/ml иако ги става жените во различна граница, не е многу голема разликата за потенцијалот на плодност.
За жени под 35
Висок (често PCOS) над 4.0 ng/ml
Нормален 1.5 - 4.0 ng/ml
Низок нормален 1.0 - 1.5 ng/ml
Низок 0.5 - 1.0 ng/ml
Многу низок помалку од 0.5 ng/ml
------------------------------------------------------------------------------
Сепак, за да биде методот попрецизен, се користат и други тестови со кои се доаѓа до поконкретен резултат. Иако возраста е важна, сепак има жени со 42 години и добар квалитет на јајце клетки и плодност, а има жени со 25 години со лош квалтиет на јајце клетките и неплодни (ако не толку често). Еден од методите за допрецизирање на АМХ, е тест на хормонот ФСХ фоликулно стимулирачкиот хормон кој произведува јајце клетки во јајниците. ФСХ и ЛХ се произведуваат во хипофизата, а кога жената оди накај менопауза се намалува бројот на фоликули во јајниците, при што мозокот насетува дека има средина со низок естроген и сигнализира кај хипофизата дека треба повеќе ФСХ хормон да се произведува и така се зголемува неговата вредност. Таа вредност ќе се зголемува со годините, затоа жените во менопауза имаат високи нивоа на ФСХ над 40mIU/ml на 3-ти ден од циклус. Кога ќе престанат да имаат фоликули, ФСХ продолжува да биде висок и потоа ќе престанат да добиваат менструација. Ако се случи пред 40-тата година, тоа значи преран недостиг на фоликули и предвремена менопауза.
Како се мерат нивоата на ФСХ на 3-ти ден?
Некогаш може жени со низок степен на ФСХ, а сепак да имаат намалена оваријална резерва, особено за жени во нивните 40 години. На пример, жена со 44 години и нормален ФСХ (на пример 6) може сепак да има многу мала веројатност да забремени со ИВФ или со друг програм за неплодност поради возраста.
Толкување на ФСХ на 3-ти ден на циклус
Нормален ФСХ се смета секој што е помал од 9. Доколку е покачен, се прават испитувања на АМХ.
Помал од 9 - нормален ФСХ
Од 9 - 11 - ок, гранично нормален и намален
Од 11- 15 - намалена оваријална резерва.
Од 15 - 20 - намалена реакција на ИВФ и квалитет на јајце кретки, ниска стапка на раѓања
Над 20 - никако ИВФ многу слаба резерва и низок процент за стимулација/јајце клетки
Млади жени под 35 со висок ФСХ подобро реагираат на ИВФ и имаат поголеми шанси отколку постари жени.
Сепак, да биде уште померодавно, се прави тестирање на нивото на естрадиол на 3-ти ден од циклус за потенцијално да се октрие дали жени со нормален ФХС имаат намалена оваријална резерва. Како? Доколку ФХС е нормален, но нивото на естрадиол е покачено, тогаш често високо ниво на естрадиол (над 80) е сигнал за супресиран ФСХ и тоа го контролираме во неколку последователни циклуси. Доказите досега покажуваат дека висок естроген над 80 покажува проблем со оваријалната резерва.
Се прават тестови и со кломифен така што на 3-ти ден се тестираат ФСХ и естрадиол, се пијат по 2 таблети кломифен (100мг) на 5-9 ден од циклусот и се повторува тестот за ФСХ на 10-ти ден од циклусот. Нормален резултат треба да покаже низок естрадиол и ФСХ на 3-ти ден и низок ФСХ на 10-ти ден."
Извор: advancedfertility
_____________________________
Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!