Штитната жлезда и бременоста, скриениот фактор што не треба да се игнорира

Кога зборуваме за бременост, често се фокусираме на хормоните на бременоста, на исхраната, на растот на бебето и на сите физички промени што ги носи овој период.

Штитната жлезда и бременоста

Но еден орган речиси секогаш останува во сенка, а тоа е штитната жлезда. Иако мал орган, таа има огромно влијание врз целата бременост, развојот на фетусот, како и врз менталната и физичката состојба на мајката.

Многу жени не ни знаат дека имаат проблем со тироидната жлезда сè додека не останат бремени. Затоа велиме, штитната жлезда е скриениот фактор што може да го одреди текот на една бременост.

 

Што е штитната жлезда и зошто е важна во бременост?

Штитната жлезда е мала, во форма на пеперутка, и се наоѓа во предниот дел од вратот. Таа создава хормони кои ја регулираат работата на срцето, метаболизмот, телесната температура и најважно развојот на мозокот кај фетусот во првите недели од бременоста.

Во првиот триместар, бебето не создава сопствени тироидни хормони, целосно зависи од хормоните на мајката. Затоа е исклучително важно тие да бидат во рамнотежа.

 

Хипотироидизам и хипертироидизам

Хипотироидизам (намалена функција)

  • Симптомите се: замор, зголемување на телесна тежина, депресија, сува кожа, запек.
  • Последиците ако не се лекува се: спонтан абортус, прееклампсија, предвремено породување, нарушен развој на мозокот кај фетусот.

Хипертироидизам (зголемена функција)

  • Симптомите се: забрзано чукање на срцето, нервоза, губење на тежина, потење, немир.
  • Последиците ако не се лекува се: ниска родилна тежина, предвремено породување, срцеви проблеми кај бебето.

 

Кога и како се проверува тироидната жлезда?

  • Идеално е да се провери уште пред да се планира бременост, особено ако: имате проблем со забременување, нерегуларни циклуси, семејна историја на тироидни заболувања, сте имале спонтан абортус во минатото.
  • Во бременоста тестовите за TSH, T3 и T4 се едноставни, сигурни и достапни. Во некои случаи, се проверуваат и антитела на тироидната жлезда (TPOAb).

 

Како се третираат тироидните нарушувања за време на бременост?

Хипотироидизмот се лекува со хормонска терапија (левотироксин) која е безбедна за време на бременоста и неопходна за нормален развој на бебето. Додека пак кај хипертироидизам во зависност од причината се користи внимателна доза на специфични лекови под строго медицинско следење.

Важно е терапијата да се прилагодува месечно, бидејќи хормонските нивоа се менуваат во текот на бременоста.

 

Што можете да направите?

  • Проверете ја функцијата на штитната жлезда пред или на почетокот од бременоста.
  • Зборувајте отворено со својот гинеколог за сите симптоми што ги чувствувате дури и ако ви се чинат нормални за бременост.
  • Не го прекинувајте лекувањето без консултација, ниту во бременост, ниту по породување.
  • Бидете свесни дека и по породувањето може да дојде до т.н. постпартална тироидна дисфункција.

 

Овој мал орган има големо влијание

Штитната жлезда можеби е мала, но нејзиното влијание во бременоста е огромно. За здрав почеток, за вас и за вашето бебе, проверката и контролата на тироидните хормони треба да стане дел од рутината.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет