Што е ПАП тест и зошто не смее да се прескокнува?

Кога станува збор за женското здравје постојат рутински прегледи што буквално можат да спасат живот. ПАП тестот е еден од нив.

Што е ПАП тест и зошто не смее да се прескокнува?

Иако трае само неколку минути, неговото значење е огромно. Преку едноставна и безболна процедура, може навреме да се откријат промени на грлото на матката кои доколку се игнорираат, можат да доведат до сериозни заболувања, вклучително и рак.

И покрај неговата важност, многу жени сè уште го прескокнуваат. Некои од срам, некои поради страв, а други од убедување дека „немаат симптоми, па нема ни потреба“. Време е да ги разбиеме овие митови.

 

Што точно е ПАП тест?

ПАП тестот (или Папаниколау тест) е цитолошки преглед на клетките од грлото на матката. Целта е да се откријат евентуални абнормални клетки, од благи промени до преканцерозни состојби, пред тие да се развијат во сериозно заболување.

Тестот се прави за време на гинеколошки преглед, каде се зема примерок од грлото на матката. Потоа, примерокот се испраќа на лабораториска анализа.

 

Зошто е ПАП тестот толку важен?

  • Рано откривање на рак на грлото на матката. Повеќето случаи на цервикален карцином се развиваат бавно и можат да се спречат ако се откријат навреме.
  • Присуство на HPV вирус. Често, без никакви симптоми, жената може да биде носител на човечки папилома вирус (HPV), главниот предизвикувач на цервикален карцином.
  • Превенција. ПАП тестот не открива само канцер, туку и состојби што може да се третираат и излечат пред да станат сериозни.

 

Колку често треба да се прави?

Вообичаено, се препорачува првиот ПАП тест да се направи во периодот од 21 до 25 години, или по почетокот на сексуалната активност. Потоа се прави еднаш на 1–3 години, во зависност од резултатите и советот од гинекологот.

По 30-тата година може да се комбинира со HPV тест за поголема прецизност. А по 65-тата година, може да се прекине со тестирање ако резултатите со години се во ред.

 

Зошто некои жени го избегнуваат?

  • Срам или непријатност. Чувството на целосна изложеност кон непознато лице е нормално, но важно е да се стави здравјето на прво место и да се совладаат овие бариери.
  • Страв од резултати. Многу жени се плашат од лоши вести, но токму редовниот тест ги намалува тие ризици.
  • Нема симптоми, па нема потреба. Ваквото размислување е погрешно. Промените на грлото на матката често се безболни и безсимптомски.

 

Што ако резултатот не е во ред?

Позитивен ПАП тест не значи автоматски дека имате канцер. Често станува збор за благи промени кои само се следат или се третираат со едноставни процедури. Самото навременото реагирање е клучот за санирање на проблемите.

 

ПАП тестот е една од најмоќните алатки во превентивната медицина. Со само неколку минути преглед на неколку години, жената си подарува сигурност, мир и шанса за здрав живот.

Ако веќе поминало време од последниот тест, ова е вашиот потсетник. За вашето здравје. За оние што ве сакаат. За вас.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет