Овошјето и умот: Како природната слаткост го подобрува менталното здравје?

Во време кога стресот, анксиозноста и заморот се секојдневие, луѓето сe почесто бараат природни начини за подобрување на менталното здравје.

Овошјето и умот

Еден таков, често потценет, но моќен сојузник е овошјето. Вкусните, сочни и шарени плодови што ги гледаме на пазар се многу повеќе од здрава ужинка. Тие можат да бидат вистинска храна за умот.

Науката сè почесто го потврдува она што го чувствуваме и сами, по оброк богат со свежо овошје, се чувствуваме полесно, посреќно и поенергично. Но, зошто е тоа така?

 

Овошјето е нутритивна поддршка за мозокот

Овошјето содржи комбинација од витамини, минерали, антиоксиданти и природни шеќери кои директно влијаат врз мозочната функција и емоционалната состојба.

Најважни нутриенти:

  • Витамин C кој ги намалува хормоните на стрес (кортизол), а најмногу го има во цитрусите, кивито, јагодите.
  • Фолна киселина (витамин B9) која влијае врз продукцијата на серотонин, „хормонот на среќата“. Ја има во бананите, портокалите и авокадото.
  • Антиоксиданти кои го штитат мозокот од оксидативен стрес, кој пак е поврзан со анксиозност и депресија. Јагодите, боровинките и грозјето се особено богати со нив.
  • Природни шеќери и растителни влакна. Тие обезбедуваат стабилна енергија без пад на расположението, за разлика од преработената храна.

 

Овошје и расположение. Што вели науката за тоа?

Според неколку студии, луѓето кои редовно јадат овошје имаат: повисоко ниво на енергија, подобро спиење, помалку симптоми на депресија и анксиозност, поголема емоционална стабилност, позитивен однос кон животот и повисок степен на животно задоволство.

Затоа дури и мал внес, како 1 банана или чаша боровинки дневно, може да направи разлика.

 

Кое овошје е најдобро за мозокот?

Иако од секое овошје имаме придобивки, некои имаат особено силен ефект врз менталното здравје:

  • Боровинките се „суперхрана“ за мозокот поради богатството со антиоксиданти
  • Бананите се природен извор на триптофан, аминокиселина што го поттикнува серотонинот
  • Авокадото содржи здрави масти и фолна киселина
  • Цитрусите покрај тоа што не освежуваат, тие ја намалуваат напнатоста
  • Јаболкате го стабилизираат шеќер во крвта и влијаат на расположението.

 

Совети за секојдневна употерба на овошјето како поддршка за умот

  • Започнете го денот со овошна чинија или смути.
  • Чувајте свежо овошје на видно место. Тоа ќе ве мотивира да го консумирате.
  • Комбинирајте овошје со јаткасти плодови за стабилна енергија.
  • Заменете ги слатките и грицките со урми, суво грозје или парче ананас.

 

Поради тоа што храната влијае на емоциите, овошјето е дефинитивно вашиот сојузник

Менталното здравје не зависи само од големите одлуки и терапии, тука се и секојдневните навики. Една јаболка. Една банана. Неколку јагоди. Толку е едноставно. Овошјето не лекува депресија, но помага. Не заменува психотерапија, но поддржува. А најважно од се, тоа е лесно достапно, природно и вкусно.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет