ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 RR
Значи жени кај мене наместо да се поправи ситуацијата се повеќе се влошува.Значи се трудам јас буквално во се да му угодам,постојано го бакнувам и му кажувам колку го сакам,правам се што ќе посака.Ама тој како да не го цени тоа.
Јас ете понекогаш сакам да си поседам навечер и да си пуштам некој филм да гледам,и многупати му имам речено и на него да остане со мене ама тој не сака.И не само што не сака туку и буквално ми наредува дека нема шанси да ми дозволи да останам и да гледам филм туку сакала или не ќе си легнам.Исто имам забрана и да не се дружам со неколку пријателки затоа што според него биле некултурни и лошо ми влијаеле.
И ако се деси да не го послушам одма почнува да навредува,да вика дека веќе не му е гајле за мене и да праам што сакам затоа што сме расчистиле засекогаш.За фб да не ни пишам,вика дека никогаш нема да ми дозволи да си го активирам.И се осеќам ко мало дете,се ми е забрането,ништо не ме слуша и толку многу исфрустрирано и занемарено.
Defne, овде имам неколку поенти - можеби ситуацијата се влошува, бидејќи постојано и постојано му угодуваш, го бакнуваш и му кажуваш дека го сакаш. Се додека не научиш дека прво треба да се цениш себеси, а потоа да очекуваш да те почитуваат и другите, така ќе биде. Ниту ти го дал животот, ниту има право на него. Не си негова робинка. Бори се за своите права.
Понатаму исто...кој е тој да ти ДОЗВОЛИ да гледаш филм? Човеков мисли дека е сопственик на твојот живот, а ти му го дозволуваш тоа.
Кој е тој за да го послушаш? Па нас малите деца не не слушаат, маки мачиме со нив..
Кој е тој да дозволи или забрани ти да имаш социјален живот?
Defne, не знам која е причината за ваквото однесување на мт, но која и да е, што и да стои зад ова, ова не смее да ти се случува и не смееш да го дозволиш. Те молам собери сила, некако влеј си самодоверба, еве и ние ќе ти помогнеме и барем стави го на игнор, ако не можеш повеќе. Јас бре не би му зборнала после овие негови постапки, не па да го бакнувам?
Мислам дека колку побрзо излезеш од маѓепсаниот круг во кој сосила си втурната и колку побрзо се охрабриш, толку побрзо ќе го решите проблемот. Вака само ќе станеш темпирана бомба која ќе разнесе се кога ќе експлодира.
< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 7.4.2015 23:59:13 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.