ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 RR
Да марчи четував и пишав и јас.Тој ништо не виде затоа што јас избришав се ама јас му признав се затоа што едноставно не знам да лажам и немав смелост да го погледам ни во очи.И крива сум знам.Тоа е.Сега ми е најбитно да си ја вратам довербата и да му докажам дека никогаш повеќе тоа нема да го направам.И срам ми беше да пишам дека паднав на толку ниско ниво да посакам да се осетам дека уште сум онаа привлечна и убава жена.Ама тоа е грешките треба да си бидеме спремни да ги прифатиме и да ги признеме и да се трудиме да не ги повториме.
Добро е што конечно ја кажа вистинската причина за кризата во вашиот брак. Дефне ептен наивно од твоја страна женска. Си направила што си направила но штом мт не видел ништо зошто воопшто си му кажала? Се стави ли ти на негово место? Би сакала ли да слушнеш нешто такво од негова страна? Имате криза во бракот и не, не е мт виновен за тоа, туку ти. Ефектот на она што си сакала да го постигнеш е спротивен, сега мт е жртва и ти си таа што многу повеќе ќе треба да се труди. Ти си таа што треба да си ја врати довербата, а богами тоа ќе ти биде тешко.
Ти требало внимание-си го побарала, во ред, живи суштества сме, имаме чувства и понекогаш имаме потреба сами на себе да си покажеме дека сме ,,живи,,. Мислиш ли дека мт нема такви ,,ситуации,,? Мислиш дека е тој 100% искрен со тебе? Ама подобро ти е кога не знаеш, нели? Бракот постепено со време станува монотон, и му требаат вакви искрички, но контролата мора секогаш да е на највисоко ниво, искрите не смеат да се претворат во пламен. Велиш си му кажала бидејќи не знаеш да лажеш. Епа тогаш мора да научиш!
Незрело и од негова страна што ти забранил фб. Те казнува на твој начин, онака како што си пробала ти да го казниш него, преку фб. Но тоа не е решение. До кога така? Дури не му помине лутината? Засекогаш? Забраната за фб не ти дава имунитет, ама тоа ќе го сфати дури откако ќе прослави уште многу родендени.
Во секој случај, ви посакувам среќа, да успеете да го надминете проблемов на начин на кој сте си одбрале сами да го правите тоа, веројатно вие најдобро се познавате. Само еден совет од мене, побарај работа, излези меѓу луѓе, нема да имаш толку голема потреба од вниманието на мт затоа што времето ќе ти биде исполнето. И што е најважно, нема да бидеш ИЗДРЖУВАНА жена. Знам дека го кажал тоа во афект, но штом го изговорил значи го помислил. Не дозволувај да мисли дека си зависна од него, освен ако ти не сакаш така да се чувствуваш
< Поракaта ја уредил elenak RR -- 14.4.2015 12:43:42 >
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.