Животен стил и социјални фактори. Како тие влијаат на бременоста?
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневните навики, околината и социјалната поддршка што ја има жената.
Исхраната, физичката активност, квалитетот на сонот, нивото на стрес, но и односите во семејството, работните услови и пристапот до здравствена грижа, директно влијаат врз здравјето на мајката и правилниот развој на бебето.
1. Исхраната е основа за здрава бременост
Начинот на исхрана директно влијае на: хормоналната рамнотежа, квалитетот на јајце-клетките и спермата кога станува збор за зачнувањето и подоцна текот на целата бременоста и развојот на плодот
Недоволната или неурамнотежена исхрана може да доведе до: дефицит на железо, фолна киселина и витамин Д и се зголемува ризикот од компликации.
2. Физичката активност и дневниот ритам
Умереното движење и физичка активност: ја подобруваат циркулацијата, го намалуваат стресот и помагаат во регулирање на телесната тежина
Но прекумерната физичка активност, работење во ноќните смени и нерегуларниот сон можат да го нарушат хормоналниот баланс и овулацијата.
3. Навики што носат ризик и при зачнување и во текот на бременоста
Пушењето го намалува квалитетот на јајце-клетките и спермата и го зголемува ризикот од спонтан абортус
Алкохолот негативно влијае на развојот на плодот и не треба да се консумира за време на бременост, а прекумерната негова употреба може да направи проблем и при зачнувањето.
Консумација на наркотични средства и медикаменти без контрола можат да предизвикаат сериозни последици врз бебето и мајката.
4. Стресот и психосоцијалниот притисок
Хроничниот стрес влијае на: хормоните одговорни за овулација, крвниот притисок и емоционалната стабилност
Работен притисок, финансиски грижи и недостиг од поддршка често се невидливи, но силни фактори во бременоста.
5. Социјална поддршка е тивок заштитник
Жените со стабилна поддршка од партнерот, помош од семејството и пријатна и прифатлива работна средина имаат помалку компликации и подобро се справуваат со предизвиците на бременоста.
Осаменоста и социјалната изолација, пак, можат да го зголемат ризикот од анксиозност и депресија.
6. Работна средина и услови
Изложеноста на: хемикалии, поголем физички напор, долгото стоење и стресна работна атмосфера можат негативно да влијаат врз бременоста и бара дополнително внимание и заштита.
7. Образование и информираност
Жените кои имаат пристап до: точни информации, редовна здравствена грижа и ресурси за едукација почесто носат здрави одлуки за себе и бебето.
Животниот стил и социјалната средина не се споредни фактори – тие се дел од темелот на здрава бременост.
Малите, секојдневни избори што јадеме, како спиеме, со кого се опкружуваме имаат долгорочно влијание врз мајката и детето.
Грижата за бременоста започнува многу пред позитивниот тест. Таа е длабоко поврзана со начинот на кој живееме, средината во која се движиме и поддршката што ја имаме. Животниот стил и социјалните фактори можат тивко, но значајно да влијаат и на зачнувањето и на текот на бременоста.





