ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko
ХСГ правев лани, хистероскопија во 2011. Лани на ХСГ едниот јајцевод ми беше непрооден и го отпушија ама уште тогаш ми кажаа дека може пак да се затвори после ХСГ. Целито проблем е што јас само на тој јаник овулирам последниве неколку месеци што можеби не е најдобра комбинација. исто така ако с еправи лапаро може да се стимулираат јајниците (ovarian drilling) бидејќи јас и на терапија за стимулација слабо реагирам.
Тоа е тоа. Јас уште кога ми правеа хистеро прашав зошто не двете одеднаш тогаш ми рекоа си останала еднаш бремена затоа нема потреба. Е сега испаѓа дека можеби требало. Сега пак ќе одам на лапароскопија и хистероскопија за да се види пак што е работата (и цервиксот ми е прилично затворен). Не сум веќе паметна како лабораториско глувче се чувствувам.
Со ХСГ не се ,,отпушува,, каналот ,туку со самата постапка се пушта мастило и уште нешто па ако има помали неправилности ги отстранува но не стануваат проодни ако се затворени.
Тоа е можно делумно со лапараскопија.
Убаво си кажала се прават и двете не двапати под анестезија.Прави ги и двете нема да згрешиш.
Незнам како тоа се стимулира јајникот.Пиши нешто повеќе ако знаеш.
Знаеш дека по овие интервенции шансите многу се зголемуваат.
Во однос на тоа дека баш на таа страна овулираш тоа е променливо.Јас со кломифен имав фоликул 5 пати на лева страна,непроодниот канал..Но секој месец е различен.Друго гинекологот ми имаше кажано дека другиот јајник може да ја преземе улогата иако е на другата страна фоликулот.Незнам повеќе да објаснам но и тоа се случувало.
А за стимулација може да се додаде и инекции Гонал.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапија

август 2013г.

Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни