Што значи вистинска поврзаност во една врска?

Во денешно време на идеализирани врски на социјалните мрежи, често се мешаат поимите: привлечност, навика, заедништво и вистинска поврзаност.

Што значи вистинска поврзаност во една врска?

Но, што всушност значи да бидеш длабоко поврзан со некого? Која е таа невидлива нишка што ве држи блиску, дури и кога е тешко?

Вистинската поврзаност не е само љубов. Таа е комбинација од разбирање, прифаќање, доверба и искреност. Не се гледа на слики, не се мери во "likes" и не се гради преку ноќ.

 

Поврзаноста се чувствува повеќе од искажаните зборови

Поврзаноста е она чувство кога: можете да бидете своето најавтентично „јас“ без страв од осуда, знаете дека сте чуени, разбрани и важни, тишината не е непријатна, туку пријатна, разликите не создаваат ѕидови, туку мостови.

Тоа не е „совршена“ врска, туку реална врска, каде што двајцата растат, учат и се поддржуваат.

 

Емоционалната интелигенција е темел на блискоста

Партнери кои се емоционално интелигентни полесно градат вистинска поврзаност, бидејќи умеат да слушаат со внимание, да препознаваат кога нешто не е во ред, дури и без да се каже, да покажат емпатија, наместо осуда, да комуницираат отворено, но со грижа.

Вистинската поврзаност не доаѓа од „сè е совршено“, туку од „ќе поминеме заедно и низ несовршеното“.

 

Поврзаноста не е константа. Таа се гради секој ден

Потребно е време, труд и свесност. Еве неколку начини како да се негува:

  • Разговори со длабочина. Не само „како ти помина денот“, туку „како се чувствуваш?“, „што те мачи?“, „што посакуваш?“
  • Заеднички моменти без телефони. Кога вниманието е целосно посветено еден на друг.
  • Безусловна поддршка. Бидејќи љубовта не постои само кога е лесно.
  • Не ја кријте својата ранливост. Споделете ги своите стравови, сомнежи, несигурности, без да се изгуби почитта.

 

Кога знаете дека ја имате вистинската поврзаност?

  • Кога партнерот/ката знае што ви значи и пред да го кажете.
  • Кога можете да споделиш искрена болка и радост.
  • Кога се чувствувате дома, не поради местото, туку поради личноста.

 

Поврзаноста не е случајност, туку избор

Да се биде поврзан со некого не значи само да се сака. Значи да се избира, секој ден да бидете присутни, искрени, отворени и трпеливи. Да се сака и тогаш кога не е лесно. И да се гледа партнерот/ката не само како љубовник, туку и како пријател, тимски играч и сведок на вашиот живот.

Вистинската поврзаност е ретка. Но, кога ќе ја препознаете, ќе знаете дека вреди да се чува.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет