Што ќе им оставиме на децата: Свет на вредности или свет на изгубена совест?

Да ги научиме децата дека да бидеш добар не е слабост. Во свет каде сe побрзо сe се заборава, вредностите се оние што остануваат. Не парите, не позициите, не бројот на следбеници, туку начинот на кој сме се однесувале, зборувале и сакале.

Што ќе им оставиме на децата

Што ќе пренесеме на идните генерации? 

Дали ќе им оставиме општество полно со злоба и површност или ќе ги научиме на искреност, на работа со душа, на човечност?

Дали ќе ги инспирираме да бидат подобри од нас или ќе ги натераме да се срамат од тоа што сме биле?

 

Чесноста е сe поретка, но сe повредна

Во свет што често ја наградува итроштината, а ја казнува искреноста, се чини дека чесните луѓе се губат како последни часови на совеста. Но тие се токму најважниот амбасадор што треба да го испратиме кај идните генерации, пораката дека вреди да бидеш исправен, дури и кога тоа значи да одиш сам.

Секоја постапка денес е порака за утре.

Секоја наша молчеливост пред неправда е дозвола за таа неправда да стане норма.

И секоја вистинска вредност што ќе ја всадиме, ќе никне, можеби не веднаш, но засекогаш.

Еден од поголемите проблеми на денешницата е себичноста!

 

Солидарноста е противотров за себичноста

Општество без емпатија е само арена во која посилните газат врз слабите. На децата не им треба свет без проблеми. Им треба свет во кој луѓето се грижат едни за други. Ако не ги научиме да помогнат на друг, да подадат рака без да очекуваат ништо за возврат, тогаш сме изгубиле нешто многу повеќе од вредности, сме ја изгубиле човечноста.

Најважната вредност што можеме да ја пренесеме е љубовта, не само во романтична смисла, туку како начин на живеење. Љубов кон себе, кон ближниот, кон природата, кон вистината. Без љубов, сите други вредности се празни рамки.

Да почнеме да градиме свет во кој ќе биде чест да се биде добар човек.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет