Од себе, кон подобро себе
Животот често нe става во ситуации каде што несвесно се споредуваме со другите, со нивните успеси, нивните можности, нивните животи што изгледаат совршени од страна.

Кога ќе почнеме да се натпреваруваме со претходната верзија од себе, тогаш растот станува личен и автентичен. Малите напредоци стануваат големи победи. Денес можеби сте похрабри од вчера. Денес можеби покажувате повеќе трпение, повеќе љубов или едноставно повеќе мир. И тоа е доволно.
Не станува збор за совршенство, туку за постојаност. За тие мали чекори што не секогаш се гледаат, но ја менуваат вашата приказна. Ако гледате наназад и забележите дека сте научиле нешто, сте простиле нешто или сте издржале нешто што некогаш мислевте дека не можете, тоа значи дека победувате.
Денес бидете благодарни на својот пат. Благодарете им на сите поранешни верзии на себе што ве довеле до тука, бидејќи секоја имала своја мудрост и своја сила.
Афирмација за денес:
„Секој ден сум подобра верзија од вчера. Јас растам, се менувам и постојано се издигнувам.“
Ви посакуваме ден исполнет со мали победи што ќе ви покажат дека веќе сте далеку од местото каде што некогаш започнавте.
Чекор по чекор, веќе победувате.
Ваша Рингераја.