
22.10.2010, 09:01

617
Мислам дека ова не е баш формулирано... Ако некој не сака да има деца, не значи дека ги мрази.
Инаку, мислам дека не треба да се претерува во однесувањето со луѓето, од било која причина. Секој си има своја болка, своја слаба точка, кај некои е видлива, кај некои не. Јас сум се однесувала нормално со сите, и со оние со деца и семејство и кога јас немав деца (па тоа не е причина да не ме интересираат дечињата на луѓето што ми се блиски), и ме викаа да чувам деца, и ме викаа да правам друштво кога имаа бебиња, и ништо од тоа не беше погрешно протолкувано од моја страна. И мене постојано ме прашуваа „Ајде, кога мислиш да се мажиш?“ и сл., ама јас не се нервирав, си вртев на мајтап (тоа може зависи и од карактерот, јас сум таков тип). И не сум за тоа паровите без деца да се третираат „во ракавици“, јас и со нив си се однесувам нормално. Е сега, не ги давам со прашања „Ајде, кога, до каде сте“ и сл, ама затоа сум им на располагање секогаш кога сакаат да поразговараат и тогаш најмногу се трудам да им помогнам со мојот оптимизам, бидејќи од пријател тоа најмногу и се очекува, поддршка.