sandriana RR -> RE: Последно прочитано (8.5.2013 9:43:21)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Gardenia Последно што читав пред неколку месеци беше Јади,моли се,уживај,книгичка за опуштање,а сега ја читам Оркански височини од Емили Бронте,ја имам одамна ама никогаш не сум седнала да ја читам,па сега ми текна на неа,засега е дибра,англиска класика,ми се допаѓа како е опишано тогашното англиско општество.Инаку Бетани и јас ја земав Снег од Орхан Памук од саем и стварно за таа книга треба концентрација,ќе почека малку за да дојде на дневен ред Секогаш кога ќе се двоумев што да читам, со Бронте имав вистински решение [sm=smiley1.gif]. А, од Орхан Памук ја читав Музеј на невиноста (пред можеби 2 години), и за него навистина ми требаше јака концентрација, и пак не ја дочитав до крај....некако, многу ми влијаеше на расположение...[sm=smiley1.gif]. Карактерот што е главен лик е толку комплексен, а толку пластично прикажан, што го преживував секое негово расположение како свое, што ми ја црпеше цела енергија. Инаку, се работи за турското општество некаде околу 70те години(колку се сеќавам), за секојдневието, обичаите и револуцијата на младите, и личната борба на еден млад Турчин.
|
|
|
|