Bethany -> RE: Последно прочитано (30.7.2013 10:35:20)
|
Ја дочитав : Сунце иза бедема (српски превод, па така и го пишувам насловот) и воопшто не е лоша. Ми помогна и ме поттикна да размислувам за животите на жените во земјите како Авганистан, Палестина, Саудиска Арабија и му благодарам на Бог што не се родив таму! Бидејќи е вистинска приказна, има многу историски моменти, така да навлегов и во политичката ситуација на Авганистан од пред многу години па се до ден денес. Книгава воопшто не заврши онака како што очекував, останав занемена, и се уште се прашувам можно ли е се уште тој народ да е таков примитивен [sm=zmeden.gif] Жената (по чија приказна е пишувана книгата) имаше син кој и беше киднапиран од страна на мажот и чудовиште, и кога после 17 години повторно стапи во контакт со син и, наместо сликата која и остана во сеќавањето на едно весело, мило, слатко детенце , таа се соочува со чудовиште, без чувства, опасен, со убилачки мотиви кој посакувал да ја силува сопствената мајка (а притоа знаеше дека му е мајка)!
|
|
|
|