Bethany -> RE: Последно прочитано (18.9.2014 10:52:21)
|
Во последни месец дена: Ја прочитав Рингишпил. И мада емотивна во почетокот, втората половина ја читав само да ја дочитам, кога веќе почнав да губам време со неа, да изгубам до крај. Ми се чинеше ко на авторкава дека и снема инспирација, многу глупости изнапишано од втора половина на книгата. Се повторува во речениците по милион пати, описите и се сведуваат на: тажни очи бадем боја и уште некои штури демек описи, секогаш исти. Ниту лик во глава не можев да замислам. Нема веќе ништо да читам од неа. Не е тоа по мојот вкус. А и прилично и се скапи книгите за таква патетика. Ама комерцијала, шта чеш. Потоа прочитав 1Q84 од Харуки Мураками. Книгата ме држаше будна до последна страна, неговиот стил на пишување ми се допаѓа, малку така мрачна приказна какви што сакам јас [sm=smiley36.gif]не заврши како што сакав и очекував, ама добро, не може се да биде совршено [sm=smiley36.gif] Добар е, сакам следно од него Норвешка шума да прочитам. И сега во моментов ја читам Сенка ветра од Карлос Руис Зафон. Имам симнато на таблет сите негови книги, па и планирам сите да ги исчитам. Ми се допаѓа. Вчера ја земав од Винка Саздова - Понекогаш доаѓа среќа. Таа нека ми стои додека сите замислени прочитам. [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|