Ananija -> RE: Името на Вашето бебе (4.1.2012 16:20:23)
|
Преподобна Таиса 21/10/2011 Покајана грешничка. По раѓање Мисирка. Како Св. Пелагија и Таиса ја помина младоста во разуздан блуд. На тој зол пат беше упатена и од нејзината бесрамна мајка. Но Бог Којшто е милостив и не ја сака смртта на грешниците ниту нивната пропаст туку спасението, најде начин со Својата чудесна Промисла да ја спаси грешната Таиса. Еден од учениците на Св. Антониј Велики, Пафнутиј Сидонит, слушна за Таиса, за нејзиниот грешен живот и за душевниот отров со којшто таа им ги труеше душите на многумина, па реши, со Божја помош, да ја спаси. Пафнутиј се преоблече во световна облека, зеде еден златник и отиде в град, ја најде Таиса и ѝ го даде златникот. Мислејќи дека човеков ѝ го дава златникот за нечисто дело, Таиса го одведе Свети Пафнутиј во својата соба. Тогаш тој ги отвори своите благодатни усни и ги изобличи нејзините гревови и ја повика на покајание. Душата и совеста на Таиса се разбудија и таа се облеа во солзи на длабоко срдечно покајание. Го раздаде сиот свој имот на бедните, според упатството на Св. Пафнутиј се упати во еден женски манастир и остана таму три години, затворена во една келија, живеејќи само на леб и вода. Пред смртта ја посети Св. Пафнутиј и наспроти нејзината волја ја изведе од келијата. Таа набрзо се разболе и по кратко боледување Му ја предаде својата очистена и осветена душа на Бога. Светиот Павле Препрости, којшто е исто така ученик на Св. Антониј Велики, ја виде во видение прекрасната обител приготвена од Бога во Рајот за Св. покајничка Таиса. Оваа света душа се упокои во 340 година. Светата маченичка Пелагија 21/10/2011 Девица од угледен род во Антиохија. Во времето на царот Нумеријан, антиохискиот началник испрати војници да ја доведат пред судот Пелагија, како прочуена христијанка. Војниците ја опколија куќата и ја предизвикаа Светата девица на вратата. Таа им се јави и кога слушна дека дошле за да ја изведат на суд се правеше весела, па им рече да ја причекаат само еден миг-два да се качи за да се преоблече. Потоа се качи на покривот од куќата, ги крена рацете кон небото и долго Му се молеше на Бога да ѝ ја прими душата и да не допушти да се оскверни нејзината девствена чистота. И Бог ја прими нејзината душа, а телото падна мртво пред војниците. „Нејзината смрт“, пишува Св. Јован Златоуст, се изврши не како природен пад, но на заповед Божја, па продолжува: „И така, ова девствено и од секое злато почисто тело лежеше на земја, го опкружуваа ангелите, го почитуваа архангелите, а Самиот Христос беше крај него“
|
|
|
|