Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладување со освежителни пијалаци, едноставно време за уживање Но, за жал, летото е и период кога ризикот од формирање камења во бубрезите значително се зголемува.

Зошто баш ризикот е зголемен летно време? Одговорот се крие во телесната хидратација, начинот на исхрана и високите температури.
Дехидрацијата е тивкиот непријател
Во летните месеци, нашето тело губи повеќе течности преку потење. Ако не внесуваме доволно вода, урината станува поконцентрирана, што создава идеални услови за таложење на минерали и соли, кои потоа формираат кристали, односно камења.
Совет: Пијте многу вода или соодветни течности кои имаат способност да го хидрираат организмот, барем 8-10 чаши дневно, особено ако си физички активен или престојуваш на сонце.
Летната исхрана нека ви биде богата со сол и протеини
Јадењата со месо, сирења, брза храна и грицки се вообичаен дел од летното мени, но токму овие намирници се богати со натриум и животински протеини, кои можат да ја зголемат количината на калциум во урината и да придонесат за создавање камења.
Совет: Бирајте полесна, хидратантна исхрана како што е овошје, зеленчук, целозрнести продукти и намалете внес на сол.
Премногу витамин Д и сонце може да има и негативно влијание
Иако витаминот Д е корисен, прекумерна изложеност на сонце може да доведе до зголемено ниво на калциум во телото, што дополнително го зголемува ризикот од таложење во бубрезите.
Совет: Сончајте се умерено и изложувајте се на сонце со соодветна заштита и избегнувајте додатоци на витамин Д без претходна консултација со лекар.
Пијалоци кои не помагаат
Во лето често се навикнуваме на сокови, газирани пијалаци и засладени чаеви. Но овие пијалоци, особено оние богати со фруктоза и кофеин, ја зголемуваат опасноста од појава на камења.
Совет: Водата секогаш нека ти биде пијалок број еден. Можеш да додадеш лимон или краставица за вкус и дополнителен ефект против создавање камења.
Летото може да биде уживање, но и период со скриени здравствени предизвици. Камењата во бубрезите не се проблем кој се појавува туку така и одеднаш.Тие се резултат на мали навики кои можеме навреме да ги смениме. Внесувајте доволно течности, имајте балансирана исхрана и умерена изложеност на сонце и ќе ги намалите ризиците од овие проблеми.
Слушајте го своето тело, како и препораките од експертите и не дозволувајте жештината да ги загрози вашите бубрези.