Малку крв, голема промена? Еве што може да значи spotting!

Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат или не се сигурни дали се веќе бремени е појавата на слабо крвавење во форма на капки, познато како „spotting“.

Малку крв, голема промена?

Дали тоа е само најава за менструација, хормонска промена или можеби знак за почеток на бременост?

 

Што е spotting?

Spotting претставува многу слабо вагинално крвавење, кое не бара менување влошки или користење тампони и кое обично се појавува во форма на неколку капки светло розева, кафеава или црвенкаста боја. Може да трае од неколку часа до ден-два и е значително поразлично од класичната менструација.

 

Може ли spotting да биде знак на бременост?

Ова може да претставува ран знак на бременост, особено ако се појави во период од 6 до 12 дена по овулацијата. Оваа појава се нарекува имплантациско крвавење, и настанува кога оплодената јајце клетка се вгнездува во ѕидот на матката. Кај некои жени, ова е прв симптом на бременост уште пред да се добие позитивен тест.

 

Како да го препознаете имплантациското spotting?

Карактеристика

Имплантациско крварење

Боја

Светло розева, кафена или црвенкаста

Време на појава

6–12 дена по овулација (1 недела пред менструација)

Количина

Многу мала

Траење

Од неколку часа до максимум 2 дена

Болка

Може да е проследено со слаби грчеви или чувство на тежина

Придружни симптоми

Замор, чувствителни гради, промени во расположение


Кога spotting-от не е поврзан со бременост?

Иако може да биде ран знак на бременост, spotting може да биде предизвикан и од:

  • Хормонски промени
  • Стрес
  • Почеток или крај на менструација
  • Контрацепција (особено кога се користат хормонални таблети)
  • Инфекции или иритација на грлото на матката
  • Гинеколошки преглед или сексуален однос

 

Што да направите ако забележите spotting?

  1. Да внимавате на периодот кога се појавило. Дали е порано од очекуваната менструација?
  2. Да го следете траењето и бојата. Дали трае кратко и дали е обилно?
  3. Направете тест за бременост. Најдобро е за тестот да почекате неколку дена по spotting-от.
  4. Посетете лекар ако spotting трае подолго, станува обилно крварење, има непријатен мирис или е придружено со болка.

 

Spotting не е сигурен знак на бременост, но може да биде еден од првите индиректни симптоми, особено ако се појави пред очекуваната менструација. Разликата е суптилна, но важна. Ако се надевате на позитивна вест бидете трпеливи, следете ги сигналите на телото и направете тест во вистинско време.

Совет: Водете белешки за вашиот циклус и телесните промени. Тоа може да ви помогне да откриете рани знаци на бременост или да откриете нешто што заслужува лекарска консултација.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет