cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Храна и лекови – комбинации кои не се препорачуваат

Кога земаме лекови, често мислиме дека само дозата и времето се важни. Но она што ретко го земаме предвид е што сме јаделе или пиеме заедно со терапијата. Некои намирници можат сериозно да ја намалат, засилат или изменат ефективноста на лековите.

Храна и лекови – комбинации кои не се препорачуваат

Еве неколку опасни комбинации што треба да се избегнуваат.

 

1. Грејпфрут и повеќе видови лекови

Грејпфрутот содржи супстанции кои го блокираат ензимот што ги разградува лековите во црниот дроб. Тоа значи дека лекот може да остане подолго и во поголема количина во телото што го зголемува ризикот од несакани ефекти.

Избегнувајте со:

  • Лекови за висок притисок
  • Статини (за холестерол)
  • Антидепресиви
  • Некакви антиалергени

 

2. Млеко и млечни производи и антибиотици

Калциумот од млекото може да се врзе со антибиотикот и да спречи негова апсорпција. Најчесто тоа важи за т.н. тетрациклини и флуорохинолони.

Препорака: земете го антибиотикот најмалку 2 часа пред или по консумација на млеко.

 

3. Банани и други извори на калиум и лекови за крвен притисок

Некои лекови за хипертензија (особено АЦЕ инхибитори) го задржуваат калиумот во телото. Ако прекумерно се внесува калиум преку храна, може да дојде до срцеви аритмии.

Избегнувајте претерана консумација на:

  • Банани
  • Авокадо
  • Компири
  • Спанаќ

 

4. Алкохол и апсолутно било кој лек

Алкохолот и сам по себе е супстанца што го оптоварува црниот дроб, а во комбинација со лекови може да предизвика несакани реакции: поспаност, пад на притисок, оштетување на црн дроб, па дури и опасни интоксикации.

Особено ризично со:

  • Антидепресиви
  • Лекови за анксиозност
  • Болкоублажувачи
  • Антибиотик метронидазол

 

5. Зелена лисната храна и лекови за разредување на крвта

Храна богата со витамин К (како блитва, кељ, брокула) може да ја намали ефикасноста на лековите за разредување на крв (варфарин).

Совет: не мора да ги исфрлите, туку држете употреба на постојано количество без големи промени.

 

Што да правите?

  • Секогаш читајте ги упатствата со лековите
  • Прашајте фармацевт или лекар ако не сте сигурни
  • Не мешајте лекови со „здрава храна“ без претходно да знаете дали е безбедно

 

И најздравата храна може да стане пречка ако се зема во погрешен момент. Терапијата не е само лекот кој го внесуване туку и како и во комбинација со што го внесуваме.
Затоа бидете добро информирани.

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет