cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Црвени знаци за време на бременоста. Кога крвавењето е опасно?

Иако бременоста обично ја поврзуваме со отсуство на менструација и крвавење, многу жени се соочуваат со неочекуван исцедок или крвавење во текот на овие девет месеци.

Црвени знаци за време на бременоста

Понекогаш станува збор за безопасна појава, но во одредени случаи тоа може да биде важен сигнал дека нешто не е во ред и дека е потребна итна лекарска интервенција.

Во продолжение прочитајте кога крвавењето за време на бременост претставува сериозен аларм.

 

Како изгледа „нормално“ крвавење во бременост?

Во раната бременост, особено во првите недели, може да се појави:

  • Имплантациско крварење проследено со неколку капки светло розев или кафен исцедок, што трае 1–2 дена;
  • Иритираност на грлото на матката по гинеколошки преглед или сексуален однос;
  • Хормонални промени што предизвикуваат кратко, благо крвавење во периодот кога би очекувале менструација.

Овие појави обично се безболни, краткотрајни и не бараат терапија, но сепак треба да се извести лекарот.

 

Кога крвавењето е аларм?

1. Обилно крвавење со или без болка

Ако забележите интензивно крвавење слично на менструација, особено со светлоцрвена боја, придружено со болки во долниот дел на стомакот или грбот, веднаш јавете се кај гинеколог. Ова може да укажува на:

  • спонтан абортус,
  • празна бременост (blighted ovum),
  • или проблем со плацентата.

 

2. Крвавење со остра еднострана болка

Ова е знак кој не смее да се игнорира. Може да биде вонматерична (ектопична) бременост, каде ембрионот се вгнездува надвор од матката, обично во фалопиевата цевка. Состојбата е животозагрозувачка и бара итна хируршка интервенција.

 

3. Кафеав или црвеникав исцедок во второто или третото тримесечје

Во подоцнежните месеци, крвавењето може да укажува на:

  • предлежна плацента (placenta previa) – кога плацентата го блокира цервикалниот канал;
  • абрупција на плацента (placental abruption) – предвремено одвојување на плацентата од матката, што може да биде опасно и за мајката и за бебето.

 

4. Крвавење со грчеви во стомакот, слабост и вртоглавица

Комбинацијата на крвавење со пад на притисокот, несвестица, или вртоглавица, може да биде знак на внатрешно крварење и треба веднаш да се повика итна медицинска помош.

 

5. Крвавење со непријатен мирис и температура

Ако крвавењето е придружено со лош мирис, температура, или болнo мокрење, тоа може да укажува на инфекција или воспалителен процес што бара антибиотска терапија.

 

Што треба да направите?

  • Никогаш не претпоставувајте дека крвавењето е „нормално“.
  • Секогаш пријавете било какво крвавење на вашиот гинеколог.
  • Доколку не сте сигурни – подобро е да проверите, отколку да ризикувате.

 

Бременоста е чувствителен период, а телото на жената минува низ големи хормонски и физиолошки промени. Не секое крвавење е причина за паника, но некои видови крвавења може да бидат аларм за сериозни компликации. Доверете се на инстинктот, но пред сè на стручно мислење.

 

Совет: Водете дневник за симптомите и секое крвавење за полесна евалуација при лекарска посета.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет