Телото сака алкална рамнотежа. На кои намирници да им кажете “да”, а кои да ги избегнувате?

С? почесто слушаме дека алкалната исхрана носи повеќе енергија, помалку воспаленија и подобро здравје. Но што навистина значи алкализација, и како паметно да ? пристапиме без екстреми и митови?

Телото сака алкална рамнотежа

Што значи алкално vs. кисело во исхраната?

Телото има прецизен механизам за одржување на pH-вредноста на крвта и таа е строго регулирана. Но храната што ја внесуваме влијае врз внатрешната средина, особено врз: дигестивниот систем, воспалителните процеси, нивото на енергија, заморот и задржувањето течности

Алкалната исхрана не значи менување на pH вредноста на крвта, туку намалување на оптоварувањето на организмот.

 

Намирници што помагаат во алкалната рамнотежа

Овие намирници се богати со минерали, антиоксиданси и растителни влакна:

-        Зеленчук кој е основа на алкалната исхрана и тоа: спанаќ, брокула, краставица, тиквички, зелена салата, авокадо.

-        Овошје кое иако некое е кисело по вкус делува алкално: лимон, грејпфрут, јаболка, круши, бобинки.

-        Јаткасти плодови и семиња: бадеми, ленено семе, чиа семе.

-        Билки и зачини: магдонос, ѓумбир, куркума.

-        Течности: вода и билни чаеви

 

Намирници што ја зголемуваат киселоста во телото и треба да се ограничат

Овие намирници не се забранети, но прекумерната употреба создава оптоварување. Тука спаѓаат: преработената храна, рафинираниот шеќер, газираните пијалаци, прекумерниот внес на кафе, алкохолот, белото брашно и пекарските производи, преработеното месо.

Потребна е умереност во консумирањето, а не целосно исфрлање.

 

Зошто луѓето се чувствуваат подобро на алкална исхрана?

Подобрувањето најчесто доаѓа затоа што: јадат повеќе зеленчук, внесуваат повеќе вода, избегнуваат индустриски производи, имаат поредовни оброци.

 

Алкализацијата не е диета, туку насока

Важно е да се знае дека телото само си ја регулира pH-вредноста, па затоа екстремните алкални диети можат да бидат штетни. Балансот е поважен од строгите правила.

Протеините, житарките и здравите масти имаат свое место и не треба да се демонизираат.

 

Практичен совет за секој ден

-       Половина од оброкот нека ви биде зеленчук. 

-       Започнете го денот со пиење една чаша вода. 

-       Комбинирајте намирници пред да решите некоја да исклучите од исхраната. 

-       Слушајте како реагира вашето тело. 

 

Телото не бара совршено алкално мени туку помалку оптоварување и повеќе природна храна. Кога исхраната е богата со растителни намирници и сиромашна со преработени производи, телото само наоѓа рамнотежа.

Здравјето е во изборите што ги правиме секој ден.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет