cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Од зрно до трпеза, разни начини на подготовка на соја

Сојата е една од најразновидните намирници во светот. Благодарение на високата содржина на растителни протеини, влакна, витамини и минерали, таа е важен дел од исхраната во многу култури.

Од зрно до трпеза, разни начини на подготовка на соја

Од едно зрно соја можат да се добијат бројни производи кои се користат во секојдневната исхрана.

 

Што е соја?

Сојата е мешунка која потекнува од Источна Азија и денес се одгледува низ целиот свет. Нејзините зрна се богати со: растителни протеини, растителни влакна, незаситени масти, железо, калциум, магнезиум и витамини од Б-комплексот.

 

Варени зрна од соја

Сувите зрна најчесто се потопуваат во вода преку ноќ и се варат додека не омекнат.

Варената соја може да се користи во: салати, чорби, манџи, зеленчукови јадења и друго.

 

Едамаме

Едамаме се млади, зелени зрна од соја кои се варат или се подготвуваат на пареа.

Тие се одлични да се консумираат како: здрава ужина, додаток во салати, прилог кон главни јадења.

 

Тофу

Тофуто се добива со коагулација на белковините од соино млеко и има неутрален вкус, што го прави многу разновидно. Тоа е високопротеински производ 

Може да се: пече, пржи, динста, додава во супи како и да се користи во салати или сендвичи.

 

Темпе

Темпето е ферментиран производ од цели зрна соја. Тоа има поцврста текстура и е со богат, јаткаст вкус. Темпето има висока содржина на протеини и растителни влакна.

Често се пече на скара, во тава или се додава во различни јадења.

 

Соино млеко

Соиното млеко се добива со обработка на зрната соја. Може да се користи како напиток, како додаток во кафе или чај, за подготовка на овесни каши, во смути како и при подготовка на десерти.

При избор, предност имаат незасладените варијанти.

 

Соино брашно

Соиното брашно се користи за: подготовка на леб, различни виодви на пецива, палачинки, колачи и друго.

Најчесто се комбинира со други видови брашно.

 

Соини трошки и гранули

Текстурираната соја е популарна замена за мелено месо.

По потопување во вода може да се користи за:сосови, полнети пиперки, мусака, ќофтиња и различни растителни оброци.

 

Како безбедно да ја вклучите во исхраната?

За разновидна и балансирана исхрана сојата:

  • комбинирајте ја со зеленчук и интегрални житарки,
  • избирајте минимално обработени производи,
  • внесувајте ја како дел од разновидно мени.

Лицата со алергија на соја треба целосно да ја избегнуваат.

 

Сојата е исклучително разновидна намирница која може да се подготви на многу начини, од варени зрна и едамаме до тофу, темпе и соино млеко.

Благодарение на нејзината хранлива вредност и кулинарска флексибилност, лесно може да се вклопи во балансирана исхрана, без разлика дали следите растителен или мешан начин на исхрана.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет