Симптоми на бременост: 10 рани знаци дека можеби сте бремени

Бременоста е едно од највозбудливите период од животот на една жена, а и на целото семејство кое е во исчекување, но понекогаш нејзините први знаци можат лесно да се помешаат со симптоми на предменструален синдром или обичен замор.

Симптоми на бременост

Доколку се прашувате дали сте бремени, овие 10 рани симптоми може да бидат првите сигнали од вашето тело.

 

Изостанување на менструацијата

Најочигледниот и чест симптом е изостанокот на менструација. Ако имате редовен циклус и периодот не ви доаѓа на време, тоа е првиот аларм за можна бременост. Сепак, кај жени со нередовна менструација, ова може да не биде најсигурниот знак.

 

Чувствителни и набабрени гради

Раната хормонска промена може да предизвика болка, тежина или непријатност во градите. Брадавиците можат да станат потемни и почувствителни од вообичаено.

 

Умор и исцрпеност

Телото почнува да работи со забрзано темпо за да создаде нов живот, па често доаѓа до замор и ненадејна потреба за одмор посебно во првите недели од бременоста

 

Мачнини и повраќање (утринска мачнина)

Иако најчесто започнува по 5–6-та недела, кај некои жени мачнината се појавува и порано. Не мора да се јавува само наутро. Може да се јави во различни делови од денот и кај некои да трае дури и цел ден.

 

Зголемена чувствителност на мириси

Мириси кои порано ви биле пријатни, сега може да ви предизвикаат гадење или непријатност. Оваа хиперчувствителност е поврзана со хормонските промени.

 

Често мокрење

Хормонските промени и зголемената количина на крв може да влијаат на работата на бубрезите уште во првите недели. Па со тоа да имате потреба почесто да го посетувате тоалетот.

 

Нежно крвавење (имплантациско крварење)

Кај некои жени може да се забележи лесно, краткотрајно крвавење или розевкаст исцедок, најчесто 6–12 дена по зачнувањето. Тоа е нормален знак дека оплодената јајце клетка се вгнездува во ѕидот на матката.

 

Промени во расположението

Наглите хормонски промени може да предизвикаат емоционални осцилации, од плачливост до раздразливост, од смеење до нетрпеливост, дури и без конкретна причина.

 

Промени во апетитот

Некои жени одеднаш имаат ненаситна желба за специфични намирници (познато како „cravings“), додека кај други се јавува одбивност кон храна што порано ја обожавале.

 

Блага вртоглавица или несвестица

Намалениот крвен притисок, промените во нивото на шеќер и зголемениот проток на крв може да предизвикаат вртоглавици, особено кога станувате нагло.

 

Што да направите ако ги имате овие симптоми?

Ако препознавате неколку од овие знаци, направете домашен тест за бременост (најдобро наутро) и консултирајте се со гинеколог. Не се водете само според симптомите, тие можат да варираат кај секоја жена и кај секоја бременост.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет