cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Летните температури и вените – скриениот притисок врз вашето тело

Летото носи сонце, топло време, одмори и лесна облека, но за многумина, особено оние со проблеми со проширени вени, високите температури значат и зголемен дискомфорт, дополнители ризици како и многу ограничувања.

Летните температури и вените

Топлото време може значително да влијае врз циркулацијата на крвта и состојбата на венскиот систем. Но зошто се случува тоа и како да се заштитиме?

 

Како топлината влијае на вените?

Кога надворешната температура се зголемува, крвните садови природно се шират (дилатираат) за да може телото да ја регулира својата внатрешна температура преку испуштање на топлина. Овој механизам, иако природен, создава дополнителен притисок врз вените, особено во нозете каде гравитацијата го отежнува враќањето на крвта кон срцето.

Кај лица со веќе ослабени венски ѕидови или неисправни венски залистоци, тоа може да доведе до:

  • Зголемување на болките и создавање тежина во нозете
  • Појава на отоци, особено кон крајот на денот
  • Влошување на состојбата на проширените вени (варикозитет)
  • Појава на воспалени вени или тромбофлебитис

 

Кој е најзагрозен?

  • Лицата со наследна склоност кон варикозни вени
  • Жените, особено бремени или во менопауза
  • Лицата кои долго стојат или седат во текот на денот
  • Постари лица и воопшто лица со поголема телесна тежина

 

Како да ги заштитите вашите вени во лето?

-         Избегнувајте да бидете директно на сонце подолго време, особено во периодот од 11 до 17 часот кога сонцето е најсилно.

-        Движете се често, правете кратки прошетки и лесно истегнување па дури и кога сте дома. Тие се одлични за циркулацијата. 

-        Носете компресивни чорапи, особено ако имате веќе дијагностицирани венски проблеми. 

-        Избегнувајте жешки тушеви и бањи, ладната вода го стимулира враќањето на крвта кон срцето и ја олеснува тешкотијата со вените.  

-        Подигнете ги нозете кога одмарате, дури и неколку минути на ден помагаат. 

-        Хранете се лесно и хидрирајте се добро, добрата хидратација ја намалува густината на крвта. 

 

Совет од лекарите

Доколку веќе имате проблем со проширени вени, летото е време кога треба да бидете особено внимателни. Не ги игнорирајте симптомите како што се болка, тежина, грчеви или промена во бојата на кожата се знак дека е време за консултација со флеболог.

 

Иако летните температури можат да бидат предизвик за вашиот венски систем, со соодветна грижа, превенција и информираност, следејќи ги советите на лекарите можете да уживате во топлите денови без непријатности. Вашите вени ќе ви бидат благодарни!

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет