Менструација во бременост. Дали е можно и нормално?

Една од најчестите заблуди поврзани со бременоста е верувањето дека е можно да имате менструација и додека сте бремени.

Менструација во бременост. Дали е можно и нормално?

Иако многу жени пријавуваат крвавење во раната бременост, тоа не значи дека станува збор за вистинска менструација. Ајде да разјасниме што всушност се случува.

 

Дали е можно да имате менструација додека сте бремени?

Накратко, вистинска менструација за време на бременоста не е можно да се појави.

Биолошки гледано, менструацијата се јавува кога телото не е во фаза на бременост, односно кога јајце клетката не е оплодена. Во тој случај, слузницата на матката (ендометриумот) се лупи и излегува од телото преку крвавење. Но, ако јајце клетката е оплодена и веќе се имплантирала во матката, тој процес престанува, бидејќи телото почнува да ја одржува таа слузница за да ја поддржи бременоста.

 

Зошто тогаш некои жени крвават во бременост?

Постојат неколку причини зошто може да се појави крвавење во бременоста, особено во првото тромесечје:

 

1. Имплантациско крварење

Се јавува кога оплодената јајце клетка се вгнездува во ѕидот на матката. Може да изгледа како светлорозев или кафен исцедок и трае 1–2 дена.

 

2. Хормонални флуктуации

Кај некои жени, нивото на хормони не расте веднаш по зачнувањето, па телото може да испрати лажен сигнал и да предизвика благо крвавење во период кога инаку би дошла менструацијата.

 

3. Цервикална иритација

Поради зголемен проток на крв во матката и грлото на матката, сексуален однос или гинеколошки преглед за време на бременоста може да предизвикаат краткотрајно крвавење.

 

4. Инфекции или полипи

Одредени вагинални инфекции или полипи на грлото на матката може да предизвикаат светло крвавење кое не е поврзано со менструален циклус.

 

5. Посериозни состојби (ретко)

Крвавење во бременоста може да укаже и на состојби како закана од спонтан абортус, надворматерична бременост или абрупција на плацентата, состојби кои бараат итна медицинска интервенција.

 

Како да направите разлика?

-        Менструацијата трае 3 до 7 дена. додека крварење во бременост вообичаено трае 1 до 2 дена.

-        Бојата на менструацијате е светла до темно црвена, а на крварењето за време на бременост розева, кафена и вообичаено во форма на капки.

-        Интензитетот на менструацијата е среден до силен, додека на крварењето слаб.

-        Симптомите за менстрација се: грчеви во стомакот, надуеност, промени во расположение. Симптоми на крварење за време на бременост е болка во стомакот, а честопати е и без симптоми.

 

Кога да се загрижите?

Секое крвавење за време на бременост, дури и ако изгледа слабо треба да се пријави на гинеколог. Особено е важно ако е придружено со:

  • болки во стомакот
  • силна вртоглавица
  • температура или непријатен мирис
  • обилно крвавење или црвени грутки

 

Иако некои жени мислат дека имаат менструација додека се бремени, тоа биолошки не е можно. Сепак, крвавењето во бременоста не е невообичаено и не секогаш значи дека нешто е лошо и ризично со бременоста. Најважно е да го следите своето тело и веднаш да побарате стручно мислење при секое сомнително крвавење.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет