Што е цистит?
Цистит е воспаление на мочниот меур, најчесто предизвикано од бактериска инфекција. Најчесто се јавува кај жените поради близина на уретрата до анусот и пократката должина на уринарниот канал.

Кои се најчестите симптоми на цистит?
- Често и итно мокрење, дури и кога има многу мала количина урина
- Печење или болка при мокрење
- Заматена или непријатен мирис на урината
- Болка или притисок во долниот дел на стомакот
- Понекогаш се јавува блага температура или траги од крв во урината
Што го предизвикува циститот?
- Бактериите, најчесто E. coli што од дебелото црево навлегуваат во уретрата
- Лошата интимна хигиена или премногу агресивно миење, како и употреба на несоодветни средства за интимна хигиена
- Полов однос (т.н. „цистит по секс“)
- Задржување урина подолго време
- Невнесување доволно течности со што се јавува и слаба хидратација
- Употреба на нестерилни тампони или влошки
Кога да се јавите на лекар?
- Ако симптомите траат повеќе од 1 до 2 дена
- Ако имате температура, мачнина или болка во грбот, што може да значи ширење на инфекцијата кон бубрезите, а со тоа и сериозни последици по здравјето, кои доколку не се третираат може да бидат фатални
- Ако често имате повторувачки цистит
Како се лекува циститот?
- Најчесто се лекува со антибиотици, по препорака од лекар
- Паралелно се препорачува внес на многу течности, чаеви и избегнување на кофеин и алкохол, како и производи кои содржат кофеин во себе
- Одмор и да се следат советите на гинеколог или уролог
Што можете да направите за превенција?
- Пијте доволно вода секој ден и со тоа хидрирајте го организмот
- Уринирајте веднаш по полов однос
- Не задржувајте урина подолго време
- По нужда задолжително бришете се секогаш од напред кон назад
- Избегнувајте синтетичка долна облека и тесна облека
- При купување нова долна облека задолжително пред носење исперете ја
Циститот во најголемиот број на случаи не е опасен, но е многу непријатен и не треба да се игнорира. Со навремено лекување и правилна нега, симптомите брзо се повлекуваат, а со добра превенција може и целосно да се избегне.