cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Бремените жени и пушењето

Пушењето само по себе како навика или забава е штетно, а за време на бременост е една од најштетните навики што може сериозно да влијае и на здравјето на мајката и на здравјето и развојот на бебето.

Бремените жени и пушењето

Што се случува кога бремената жена пуши?

Тутунскиот чад содржи огромен број хемикалии изразен во илјади, од кои многу се токсични, а најопасни за бременоста се: 

  • Никотинот кој ја стеснува папочната врвца и го намалува протокот на кислород
  • Јаглеродот моноксид кој се врзува за крвта и го заменува кислородот што му е потребен на фетусот
  • Катранот кој остава токсични траги што влијаат на органите во развој

Ризици за бебето:

  • Ниска тежина во текот на развојот на фетусот и при раѓањето
  • Предвремено породување кое пак носи дополнителни ризици
  • Спонтан абортус или мртвороденче кој може штетно да влијае физичи и психички кај жената
  • Синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња (SIDS)
  • Нарушен развој на мозокот, белите дробови и срцето кои може да доведат до сериозни компликации, а може да бидат и фатални
  • Поголема веројатност за астма, инфекции и проблеми со учење подоцна во животот кои влијаат на нормалното фунционирање на детето во општеството

Ризици за мајката:

  • Зголемен крвен притисок
  • Прееклампсија
  • Намалена плодност
  • Проблеми при породувањето
  • Потешко закрепнување по раѓање

Што може да се направи?

Секогаш е корисно да се престане со пушење без разлика дали жената е бремена или не. Но кај бремените жени може да престане дури и ако бременоста е веќе во напредна фаза. Престанокот веднаш влијае позитивно така што: ја зголемува плодноста, ги намалува причините за ризична бременост, го зголемува дотокот на кислород до бебето, ја намалува опасноста од компликации, ја подобрува физичката и психичката состојба на мајката итн.

 

Поддршка за откажување:

  • Советување со гинеколог или матичен лекар кои ќе ви помогнат во откажувањето
  • Поддржувачки програми за престанок со пушење кои редовно треба да ги посетувате
  • Психолошка поддршка, посоветувајте се со психолог или психијатар
  • Избегнување на средини со пасивно пушење

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет